Свет
Шефот на рускиот Совет за безбедност: Америка го претвори Авганистан во глобална лабораторија за дрога
Во изминатите 20 години САД го претворија Авганистан во лабораторија за дрога на глобално ниво, а производството на дрога во таа земја се зголеми за 40 пати во тој период, изјави за руските медиуми шефот на Рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев.
Сегашната ситуација во Авганистан делумно се должи на неспособноста на западните разузнавачки служби и другите делови на НАТО, рече Патрушев.
„Убедувањето на военото и политичкото раководство на САД и нивните сојузници дека целосно ја контролираат ситуацијата во Авганистан доведе до апсолутно незнаење и лоша проценка на реалната состојба во таа земја“, изјави тој.
Патрушев оцени дека се направени слични пропусти кога станува збор и за други земји на Блискиот Исток, како што се Сирија, Ирак и Либија.
Шефот на Советот за безбедност на Русија, исто така, оценува дека сега обичните граѓани на Авганистан се принудени да ги платат сметките за грешките направени од Вашингтон.
„Ова е уште еден пример за вербата на Англосаксонците во исправноста на донесување одлуки, обвинувајќи ги сите други за грешките. Тоа е токму она што Америка го прави сега. Тие ја обвинуваат поранешната авганистанска влада за неспособност, иако самите ја назначиле, а зборуваат и за недоволната подготовка на авганистанската војска, иако самите ја обучувале“, нагласи тој.
Патрушев додаде дека Американците и Европејците сега ги евакуираат своите луѓе и војска од Авганистан и ги оставаат на цедило сите оние Авганистанци кои соработувале со нив.
„Време е европските застапници за човекови права да се прашаат како сето ова сега се вклопува во тие познати западни вредности“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.
Свет
„Само Трамп може да ја запре војната“ – украинскиoт министер повика на лидерска средба со Русија
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека само американскиот претседател Доналд Трамп може да ја запре војната и повика на директна средба меѓу украинскиот и рускиот лидер за да се решат најтешките прашања во мировните преговори. Според него, од мировниот план од 20 точки останале нерешени само неколку, но тие се „најосетливите и најтешки“ и бараат лидерска интервенција.
Сибиха изрази надеж дека напредокот во разговорите посредувани од САД ќе се искористи пред американските конгресни избори на есен, кои би можеле да го променат фокусот на Вашингтон.
Претходно, претседателот Зеленски откри дека САД предложиле војната да се заврши пред летото. Сè уште не е постигнат договор за прашањето на териториите и нуклеарната централа Запорожје, а бил предложен и план за „енергетско примирје“.

