Европа
Шефот на украинското разузнавање: Борбите во Украина не се помрднуваат од мртва точка

Шефот на украинската воена разузнавачка агенција изјави дека борбите во Украина моментно се во мирување бидејќи ниту Украина ниту Русија во моментот не може да постигнат значителен напредок.
„Ситуацијата, едноставно, е заглавена“, вели Кирило Буданов во интервју за Би-би-си.
Откако украинската армија го врати Херсон во ноември, повеќето од најжестоките борби се водеа околу Бахмут во областа Донецк. На друго место руските сили се чини дека се во дефанзива, а зимата ги забави украинските копнени операции.
Буданов рече дека Русија „сега е целосно во ќор-сокак“ и трпи многу значителни загуби и смета дека Кремљ одлучил да објави нова мобилизација на регрути. Тој исто така наведува дека на украинските сили им недостигаат ресурси за напредување.
„Со големо нетрпение очекуваме нови набавки на оружје и пристигнување понапредно оружје“, рече Буданов.
Претходно овој месец, по серијата руски воени неуспеси, украинските власти предупредија на можноста за нова копнена офанзива на московските сили од Белорусија на почетокот на 2023 година. Сепак, Буданов ја отфрли таа можност.
„Засега не гледам знаци на подготовки за инвазија на Киев или северните области од Белорусија“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.