Свет
Шолц го предупреди Западот: Овие две земји се најголемата закана
Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Западот да „избегне создавање нова Студена војна со делење на светот на блокови“. Во написот за магазинот „Форин аферс“, германскиот канцелар повика „да се вложат максимални напори за градење нови партнерства“.
Истакнувајќи ги Кина и Русија како две земји кои претставуваат закана за мултиполарниот свет, тој рече дека мора да има посилно европско и трансатлантско единство.
„Западот мора да се залага за демократските вредности и да ги заштити отворените општества. Исто така, мора да го избегнеме искушението повторно да го поделиме светот на блокови“, напиша тој.
„Ова значи да се вложат максимални напори за градење нови партнерства, прагматично и без идеолошки пречки“, додаде тој.
„Германците имаат намера да станат гарант на европската безбедност, каква што очекуваат нашите сојузници, и градител на мост во Европската Унија и поборник за мултилатерални решенија за глобалните проблеми“, напиша Шолц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски во понеделник во Париз
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз во понеделник, 17 ноември, за време на посетата насочена кон „повторно потврдување на посветеноста на Франција кон Украина“, објави денес Елисејската палата.
Оваа деветта посета на Володимир Зеленски на Франција од почетокот на војната што Русија ја води од 2022 година „ќе овозможи повторно потврдување на долгорочната посветеност на Франција кон Украина и „одржување на динамиката на започнатата работа по прашањето за безбедносните гаранции“ во рамките на „коалицијата на земји што се подготвени“ што го поддржува Киев, според француското претседателство, објави телевизијата BFM.
Посетата, исто така, ќе овозможи размена на мислења за прашања од билатералната соработка, особено во енергетскиот, економскиот и одбранбениот сектор, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украинските сили користеа ракети со долг дострел „”Long Neptune” “ против руски цели
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека неговите сили користеле украински крстосувачки ракети со долг дострел „”Long Neptune” “ против цели во Русија во текот на ноќта, додавајќи дека ваквите напади стануваат сè поуспешни од ден на ден.
„Во текот на ноќта, нашите борци успешно го користеа „Долг Нептун“ против одредени цели на руска територија и ова е наш целосно оправдан одговор на постојаниот терор на Русија“, напиша Зеленски на платформата X, пренесува Ројтерс.
Како што наведе, украинските ракети постигнуваат сè позначајни и попрецизни резултати практично секој месец.
Фото: принтскрин
Свет
Министерот за здравство на Романија најавува истраги по смртта на девојче кај стоматолог
Министерот за здравство на Романија, Александру Рогобете, објави дека Државната санитарна инспекција и Контролното тело ќе спроведат административни проверки откако двегодишно девојче почина синоќа во стоматолошка ординација во Букурешт, откако доживеа кардиореспираторен застој за време на интравенска анестезија.
Романскиот министер изјави дека прелиминарните информации укажуваат на можно доцнење помеѓу моментот на срцев застој и повикот на бројот за итни случаи, но нагласи дека оваа информација „се зема со резерва“ и дека попрецизни податоци ќе бидат достапни откако ќе заврши истрагата, објави „Digi24“.
Рогобете објасни дека административните проверки ќе вклучуваат усогласеност со прописите и минималната опрема на ординацијата, додека медицинската комисија испитува дали имало елементи на медицинска небрежност.
Фото: принтскрин

