Свет
Шолц пред итниот состанок со Макрон: Европа мора да остане обединета

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја повика Европа да се обедини за поддршка на Украина, неколку часа пред пристигнувањето во Париз на клучниот самит на европските лидери на кој ќе се разговара за заеднички став за мировните преговори.
На настанот одржан во склоп на кампањата во централниот германски град Касел, Шолц рече дека е важно да се направи се што е можно за да се осигура дека Европа ќе остане силна и обединета.
„Ова ни треба за Украина, ни треба ова за нашата сопствена безбедност“, рече Шолц, чии социјалдемократи заостануваат во германските анкети пред националните избори во недела.
Шолц подоцна денеска треба да отпатува за Париз, каде што ќе присуствува на состанокот чиј домаќин ќе биде францускиот претседател Емануел Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Канада се противи на можното враќање на Русија во Г7, вели амбасадорот во Украина

Канада се противи на можното враќање на Русија во Г7, изјави канадската амбасадорка во Украина Наталка Цмоц.
Цмоц нагласи дека Канада, која во моментов претседава со Г7, не е подготвена да го промени своето членство во групата.
Нејзините изјави доаѓаат откако Доналд Трамп минатата недела изјави дека би сакал да ја види Русија повторно во Г7, нарекувајќи го нејзиното протерување во 2014 година грешка.
Амбасадорот истакна дека Г7 треба да се фокусира на зајакнување на поддршката за Украина и зголемување на дипломатскиот, финансискиот и економскиот притисок врз Русија.
Европа
Нападнатиот во Берлин е шпански турист, тој е стабилен: напаѓачот е уапсен

Мажот повреден во нападот со нож кај Меморијалот на холокаустот во Берлин е 30-годишен турист од Шпанија, соопшти вчера германската полиција.
Тој е пренесен во болница со тешки, но не опасни по живот повреди. Мажот е во стабилна состојба, изјави претходно портпаролката на полицијата.
Полицијата три часа по пријавата го уапсила осомничениот.
Уапсениот имал „крв на рацете“, изјави портпаролот на полицијата Флоријан Нат. „Тоа е веројатно осомничениот кој го нападна Шпанецот овде кај Меморијалот“, додаде тој.
Нападот се случил околу 18 часот. Не е пронајдено оружје, но најверојатно се работи за нож, додаде полицијата.
„Апсолутно немаме идеја кој мотивот за нападот“, нагласи Флоријан Нат.
Жртвата се здобила со „неколку убодни рани во горниот дел од телото“, објасни тој. Мажот е пренесен во болница, опериран е и е во стабилна состојба, соопшти полицијата.
Европа
Итен состанок на министрите за одбрана на ЕУ поради Украина, дознава Блумберг

Франција и Естонија свикаа итен состанок на министрите за одбрана на Европската унија в понеделник, 24 февруари, за да разговараат за начините за зајакнување на воената поддршка за Украина, дознава Блумберг, повикувајќи се на извори.
Според изворите, на состанокот преку видео-конференција ќе учествуваат десетина министри за одбрана на Европската унија, вклучително и оние од Велика Британија, Германија, Италија и Полска, како и претставници на ЕУ и НАТО.
Како што пренесува Укринформ, Украина се подготвува да организира состанок на лидерите на земјите-партнери во Киев на 24 февруари, на кој ќе се разговара за мирот, безбедносните гаранции и иднината на колективната одбрана. Тој ден во Брисел ќе се одржи и состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, а војната во Украина ќе биде прва точка на дневниот ред, велат оттаму.
На 24 февруари се одбележува третата годишнина од почетокот на целосната руска инвазија на Украина.