Европа
Шолц: Путин нема да ги постигне своите империјалистички цели во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин „нема да ги постигне своите империјалистички цели“ во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во видеопорака по повод првата годишнина од руската инвазија.
„Колку побргу рускиот претседател сфати дека нема да ги постигне своите империјалистички цели, толку се поголеми шансите за предвремен крај на војната“, рече тој.
Шолц рече дека Путин има способност „да стави крај на оваа војна“.
„Путин ги има сите карти во своите раце. Тој може да стави крај на оваа војна“, рече Шолц, пренесува „Бета-Франс прес“.
„Рускиот претседател не успеа. Владимир Путин сметаше на поделба и се случи спротивното“ додавајќи дека „Украина е пообединета од кога било“, а „Европската Унија е обединета“.
Германската канцеларка го увери Киев за „поддршката на Берлин“ нагласувајќи ја „одлучноста и храброста на Украинците“.
Сепак, Шолц додаде дека Германија ќе стори „сè за да избегне ескалација на војната меѓу Русија и НАТО“.
Тој изрази и задоволство поради тоа што Германија, која пред војната беше особено зависна од снабдувањето со енергија од Москва, „за една година се ослободи од руската енергија“.
Имаме доволно гас и нафта, економијата не е во длабока рецесија“, рече Шолц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.