Свет
Шолц: Санкциите ќе завршат кога Путин ќе се откаже од своите планови

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека санкциите кон Русија ќе завршат кога рускиот претседател Владимир Путин ќе прифати дека неговите планови за Украина ќе пропаднат.
„ Постои само еден излез за Путин, а тоа е да прифати дека неговите планови за Украина ќе пропаднат“, рече тој на прес-конференција по самитот на Г7.
Шолц нагласи дека лидерите на Г7 сакаат Русија да ја плати максималната цена за инвазијата на Украина.
„ Г7 останува обединета во поддршката на Украина. Ќе продолжиме да ја одржуваме и зајакнуваме економската и политичката цена што Путин и неговиот режим мора да ја платат“, нагласи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Експлозии во Киев

Експлозии се слушнале во Киев за време на рускиот напад со беспилотни летала врз главниот град во раните утрински часови денес.
„Експлозии во главниот град. Противвоздушната одбрана работи. Останете во засолништа!“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во 5:38 часот наутро по локално време.
Свет
Ле Пен: Ја споделувам целта на Израел за искоренување на Хамас, имаме заеднички непријател

Француската екстремна десница Марин Ле Пен изјави дека Израел прави сè што може во исклучително тешката ситуација и дека ја дели целта на Тел Авив за искоренување на Хамас.
Таа ги осуди изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека односите меѓу ЕУ и Израел треба да се преиспитаат, како и дека постапките на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Појасот Газа се „неприфатливи“.
– Оваа изјава е срамна, но не ме изненадува, тој продолжува да ги множи критиките кон Израел бидејќи во реалноста не е во можност да понуди решение за борбата против исламскиот фундаментализам, рече Ле Пен.
„Тоа е терористичко движење кое се крие меѓу цивилите, се крие во болниците и училиштата, го користи цивилното население како човечки штитови, а кога се соочува со демонстрации од противниците на неговата политика, со задоволство ги масакрира“, заклучи Ле Пен, додавајќи дека ќе оди во Израел кога Нетанјаху ќе ја покани.
Европа
Пилот се катапултирал од украински борбен авион Ф-16, не е познато што се случило

Украина утрово изгуби борбен авион Ф-16 по инцидент во лет, при што пилотот безбедно се катапултирал, соопштија украинските воздухопловни сили.
„Според прелиминарните податоци… во авионот се случила невообичаена ситуација. Пилотот го оддалечил авионот од населени места и успешно се катапултирал“, се наведува во соопштението на платформата Телеграм.
Воздухопловните сили соопштија дека пилотот се чувствува добро.
Посочија дека несреќата не е резултат на руски оган и дека е назначена комисија за да ги истражи сите околности на инцидентот.
Ова е второ соборување на авион Ф-16 откако Киев почна да добива борбени авиони од сојузниците на САД минатата година во рамките на програмата одобрена од администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден.
Кон крајот на август 2024 година, се урна еден Ф-16, а неговиот пилот загина додека одбиваше голем руски воздушен напад.
Украина не го открива бројот на авиони што ги добила од сојузниците.