Контакт

Европа

Шојгу: Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на проширувањето на НАТО

Објавено пред

Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на зајакнувањето на НАТО и очекуваното проширување на алијансата во Финска и Шведска, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

dobivaj vesti na viber

„До крајот на годината, 12 воени бази и единици ќе бидат распоредени во Западниот воен округ“, изјави Шојгу на претставниците на одбраната и армијата.

Тој предупреди на „зголемување на воените закани на границите на Русија“, обвинувајќи ги НАТО и САД, пренесоа руските агенции.

Европа

Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Објавено пред

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.

dobivaj vesti na viber

88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.

Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.

Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.

„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.

Прикажи повеќе...

Европа

Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Објавено пред

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.

dobivaj vesti na viber

„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.

На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Пред точно три години Путин му се обрати на светот, а тенкови ја минаа границата

Објавено пред

На денешен ден пред точно три години започна сеопфатната руска инвазија врз Украина. Руските сили, под наредба на Владимир Путин, започнаа сеопфатен напад врз Украина со цел да ја преземат контролата врз територијата, предизвикувајќи го најголемиот воен конфликт во Европа од Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

Инвазијата резултираше со десетици илјади жртви, масовно уништување на инфраструктурата и раселување на милиони луѓе. Украина и денес се спротивставува на руската агресија, три години по тој ден, и се стреми да ја зачува својата независност и територијален интегритет.

Потсетување на хронологијата од тој ден со придружната снимка, која на Икс ја објави Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.

  • Се започна со говорот на Владимир Путин во кој тој го најави почетокот на т.н „специјални воени операции“.
  • Во 5:00 часот, руските сили ја нападнаа државната граница на Украина од правец на Русија и Белорусија, во границите на регионите Луганск, Суми, Харков, Чернихив и Житомир. Покрај тоа, напад беше покренат од правец на окупираниот Крим. Ракети погодија десетици градови.
  • Во 6:11 часот, претседателот Зеленски го свика Советот за национална безбедност и одбрана (NSDC), кој прогласи вонредна состојба.
  • Во 6:46, Зеленски им се обрати на Украинците: „Не паничете! Ние сме силни, подготвени сме на се. Ќе победиме се. Затоа што ние сме Украина. Слава на Украина!“
  • Веќе во 7:53 се појавија информации дека се соборени 5 авиони и 1 хеликоптер на Вооружените сили на Руската Федерација. Пристигнаа и првите вести за жртви меѓу војниците и цивилите.
  • Во 10:40 часот, две „неидентификувани цели“ им се заканија на украинските граничари на Змискиот остров во Црното Море. Војниците зазедоа одбрана, а на агресорот му беше упатена фраза која стана мото на целата нација
  • Во 12:40 часот руските специјални сили тргнаа во воздушен десант на аеродромот во Хостомел во близина на Киев.
  • Во 13 часот руска оклопна колона го започна својот пробив кон Киев.
  • Во 13 часот, министерот за одбрана Олексеј Резников изјави: „Сите што се подготвени да земат оружје, приклучете се на Територијалната одбрана. Ние им даваме оружје на сите патриоти кои се подготвени да го употребат против непријателот без двоумење!“
  • Во 15 часот, портпаролот на Кремљ Песков изјави дека Путин е „подготвен за преговори“ доколку Украина ги прифати неговите услови.
  • Во 16:00 часот руските сили напредуваа во регионот Суми и влегоа во зоната на Чернобил.
  • По 17:30 часот, во близина на Чернихив се предаде извиднички вод на 74-та моторизирана бригада на вооружените сили на Руската Федерација.
  • Во текот на првиот ден од инвазијата загинаа 57 лица, а 169 беа ранети.
  • Околу 18 часот Зеленски им се обрати на светските лидери: „Ако не ни помогнете денес, утре војната ќе затропа на вашите врати“.
  • Во 22:00 часот, 16 часа по почетокот, украинските вооружени сили, граничарите, спасувачите и припадниците на другите безбедносни сили херојски ја одржаа одбраната
Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со...

Европа3 часа

Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутен херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани...

Европа3 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија; Гувернерот: Остатоците од дрон го предизвикаа пожарот

Остатоците кои паѓаат од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на...

Европа3 часа

(Видео) Фон дер Лајен во Киев на 3-годишнината од инвазијата: „Судбината на Европа е во прашање“

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија...

Свет3 часа

Русите на 3-годишнината од војната: „Америка сака брз прекин на огнот, но ние не“

Русија ги препознава напорите на Соединетите Држави (САД) да се придвижат кон брз прекин на огнот во Украина, но тоа...

Европа4 часа

Мерц: САД и Русија се приближуваат на грбот на Украина и Европа

Следниот германски канцелар би можел да биде Фридрих Мерц. Неговата ЦДУ е убедливо најсилната партија во Германија. Тој рече дека...

Свет12 часа

(Видео) Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Војната во Украина беше испровоцирана, тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска изјави дека Русија не треба нужно да се обвинува за предизвикување војна во Украина,...

Европа13 часа

Мерц: Америка веќе не се грижи за Европа

Претседателот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека негов главен политички приоритет е „да ја зајакне Европа што...

Македонија13 часа

Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи. „Овој успех е потврда за...

Европа13 часа

Зеленски: Ни требаат 20 системи „Патриот“, подготвени сме да инвестираме

На Украина и се потребни 20 системи „Патриот“ за заштита од руски воздушни закани, кои ќе чинат околу 35 милијарди...

Свет14 часа

Трамп ги коментираше изборите во Германија: Ова е одличен ден

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија. „Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на...

Европа15 часа

Мерц: Победивме

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ е победник на предвремените парламентарни избори во Германија, а десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) е втора...

Топ19 часа

Почина 21-годишен осуденик: бил донесен во Клиничката болница Штип со знаци на труење

Вчера во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната...

Македонија20 часа

(Видео) „На повидок е корупциски скандал во Владата, дали Меџити барал мито“, прашува Илиевски

„На повидок е голем, робусен корупциски скандал во Владата! Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори: дали е...

Македонија22 часа

„Воведувањето кривична одговорност за судиите е неопходна, тие не смеат да бидат недопирливи“, Левица бара власта да го поддржи нивниот предлог

„Покрај Предлог-законот за заштита на потрошувачите со кој Левица предлага да се укинат двојазичните декларации на производите, на утрешната собраниска...

Македонија22 часа

(Видео) „Скандалозната најава од Меџити отвора сериозни сомнежи за постоење веќе подготвени списоци со имиња на ‘подобните’ партиски кадри“, вели Кузеска

„Изет Меџити подготвува робусна акција-најголеми партиски напад врз институциите досега со 3.000 нови партиски вработувања во државната администрација. Скандалозната најава...

Македонија24 часа

Истрага против дилер на марихуана во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање...

Економија1 ден

„Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните...

Македонија1 ден

„Пратениците да го поддржат предлог – законот за укинување на двојазичните декларации“, бара Левица

„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со...

Свет1 ден

(Видео) Трамп зборуваше за Украина, „глупавиот“ Бајден, „патриотот“ Маск, царините…

Доналд Трамп одржа говор на Конференцијата за политичко дејствување (CPAC). Тој често ја користи оваа конференција за да постави политички...