Европа
Шојгу: Русија ќе ја продолжи операцијата во Украина додека не ги постигне своите цели
Специјалната воена операција во Украина ќе продолжи сѐ додека не се постигнат зацртаните цели, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
„Руските вооружени сили ќе ја продолжат специјалната воена операција додека не се постигнат поставените цели“, рече Шојгу на електронска конференција.
Тој изјави дека се завршени главните задачи од првата етапа од специјалната воена операција во Украина, при која вооружените сили на Украина претрпеа значителна штета.
„Прво, за текот на специјалната воена операција на руските вооружени сили на територијата на Украина. Генерално, главните задачи од првата фаза од операцијата се завршени. Борбениот потенцијал на украинските вооружени сили е значително намален, што ни овозможува да го насочиме нашето главно внимание, но и напори, за постигнување на главната цел – ослободување на Донбас“, рече тој.
Според него, за време на специјалната операција руската армија активно му помага на населението на самопрогласените републики Луганск и Донецк да воспостават мирен живот.
„Ние активно обезбедуваме хуманитарна помош за населението на ЛНР, ДНР и, се разбира, на Украина. Веќе се спроведени 684 хуманитарни акции. 6.079 тони товар се испорачани во 210 населени места“, рече Шојгу.
Тој оцени дека украинските сили непромислено користат одредени видови оружје, што создава закани во разни региони, вклучувајќи го и Црното Море.
„Последиците од непромислената употреба на одредени оружја се манифестираат во разни региони“, рече тој истакнувајќи дека „во Црното Море е создадена вистинска закана за цивилната пловидба“.
„Турската армија неутрализира две морски мини во близина на бреговите на Романија и Босфорот“, додаде Шојгу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дронови во воздушниот простор на Романија во екот на рускиот напад, подигнати борбени авиони
За време на масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во вторник наутро, наводно беспилотно летало влегло во воздушниот простор на членката на НАТО, Романија, соопштија украинските воздухопловни сили. Романското Министерство за одбрана потврди дека регистрирало два упади на беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во текот на утрото, објавува „The Kyiv Independent“.
Романското Министерство за национална одбрана објави дека околу 6:30 часот по локално време, два германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ биле испратени да ги пресретнат беспилотните летала во округот Тулча. Еден час подоцна, два американски борбени авиони Ф-16 полетале во друга погранична област, во округот Галаци.
Министерството додаде дека Ф-16 воспоставиле радарски контакт со дронот околу 7:50 часот наутро. За среќа, немало извештаи за повредени или материјална штета во Романија. Романските власти сè уште официјално не потврдиле дали беспилотните летала биле руски.
Ова не е прв пат беспилотни летала да го нарушат воздушниот простор на НАТО. Најновиот инцидент се случува во време на зголемени тензии, при што земјите во близина на Украина, вклучувајќи ги Полска, балтичките држави и Романија, ги засилуваат безбедносните мерки од страв од прелевање на конфликтот. Честите руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, веднаш надвор од Романија, го држат Букурешт во состојба на висока готовност.
Сличен инцидент се случи во септември, кога руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор, но не беше соборен и на крајот се врати во Украина, потврди тогаш министерот за одбрана Јонут Мостеану. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека дронот навлегол околу 10 километри во романска територија и останал во воздушниот простор на НАТО речиси 50 минути.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски бара притисок врз Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев во текот на ноќта предизвикале „огромна штета“, додека посебен напад предизвикал „уништување“ во јужното пристаниште Одеса.
Според него, Русија испалила 22 ракети и повеќе од 460 дронови во текот на ноќта. Четири дронови влегле во воздушниот простор на Молдавија и Романија.
„Затоа сите партнери мора да запомнат дека животите мора да се спасуваат секој ден“, рече Зеленски.
„Не смее да има стагнација во помошта. Најважно е сите партнери да се движат кон дипломатија преку заеднички напори. Притисокот врз Русија мора да донесе резултати.“
Европа
(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан
Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.
Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.
People of Kyiv improvised "ropes" out of blankets and sheets as they tried to escape from a burning apartment building hit by a Russian attack last night. https://t.co/cbInLgvY8l pic.twitter.com/WsfLuHSAQ2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 25, 2025
Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

