Свет
Шојгу: Украина загуби 430 тенка и 15.000 војници во април

Русија треба да го удвои производството на високопрецизно оружје што е можно побргу, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
Тој истакна дека украинските војници во април изгубиле 430 тенка и други оклопни возила, 277 беспилотни летала и осум авиони.
„Нашите војници уништија осум авиони, 277 беспилотни летала, 430 тенка и други оклопни борбени возила, 18 ракетни системи, 225 артилериски парчиња и минофрлачи“, рече Шојгу.
Рускиот министер ги процени загубите на вооружените сили на Украина за април на повеќе од 15.000 војници.
„Руските вооружени сили се активни по должината на целата линија на контакт. И покрај невидената воена помош од западните земји, непријателот трпи значителни загуби.
„Тие изгубија повеќе од 15.000 луѓе само во последниот месец“, рече Шојгу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не води трговска војна со ЕУ, туку со Кина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева оти го убедил американскиот претседател Доналд Трамп да не води трговска војна против Европа, туку да се фокусира на Кина.
„Не можете да имате трговска војна со Кина и Европа во исто време, се надевам дека го убедив во тоа“, изјави Макрон за Фокс њуз по средбата со Трамп во Вашингтон, пренесува бриселскиот портал Политико.
Макрон изјави дека за Вашингтон „приоритет е да се воведат царини за Кина“ и дека истовремено водење трговска војна со Европа би било против интересите на САД. Францускиот претседател рече дека се обидел да го убеди Трамп да не воведува царини, нагласувајќи дека Европа не направила ништо за да ја заслужи американската одмазда, пренесува Танјуг.
„Му реков на Трамп дека ДДВ не е царина и дека Европската унија никогаш не воведувала царини за увоз од Америка“, рече Макрон. Тој нагласи дека европските земји нема да можат да ги зголемат трошоците за одбрана, како што бара Трамп, доколку се соочат со трансатлантска трговска војна.
Свет
Ватикан: Папата Франциско и понатаму е критично, но е стабилен

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран во римската болница Гемели поради пневмонија, и понатаму е во критична состојба, но е стабилен и немал никакви респираторни кризи, соопшти денеска Ватикан.
Тој е во болница од 14 февруари, што е негов најдолг престој во болница откако е избран за папа, објави Ројтерс.
Вчера Ватикан објави дека состојбата на папата и понатаму е критична, но дека има „маргинално подобрување“ и дека „благата бубрежна инсуфициенција“, која првпат беше пријавена во текот на викендот, не е причина за загриженост.
Регион
Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплаќа патарина, објави албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните на неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук.
– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплаќа патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата – рече Рама.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.