Свет
Шојгу ја предупреди Украина: Колку подолго ги одложувате преговорите, толку полошо ќе ви биде
Висок руски функционер ја предупреди Украина дека условите ќе бидат потешки за нејзиниот народ колку подолго чека да влезе во мировните преговори.
Москва рече дека разговорите мора да темелат на тоа што Украина ќе отстапи земја што изнесува една петтина од нејзината територија – голем дел од неа заземена од руските сили – откажување од секаква можност за приклучување кон НАТО сојузот предводен од Западот, услови што Украина веднаш ги отфрли.
Сергеј Шојгу, секретар на рускиот Совет за безбедност и до неодамна министер за одбрана на претседателот Владимир Путин, рече дека откако Путин предложи мировни услови на 14 јуни, Украина загуби 420 квадратни километри територија со многу жртви.
„Можностите за Украина се стеснуваат“, рече Шојгу, цитиран од државната телевизија, додавајќи дека Украина не одговорила и дека ќе изгуби повеќе територии колку подолго одложува.
„Илузиите на режимот во Киев дека Европејците ќе организираат уште еден прекрасен мировен самит, на кој сите нивни внатрешни проблеми сами ќе ги решат, скапо го чинат народот на Украина“, рече Шојгу.
По испраќањето свои војници во 2022 година, Русија сега контролира околу 18 отсто од Украина, вклучувајќи го и Крим, кој го зазеде во 2014 година.
Ројтерс објави дека Путин е подготвен да ја заврши војната со договорен прекин на огнот кој ги признава сегашните линии на фронтот, но е подготвен да ги продолжи борбите доколку Киев и Западот не одговорат.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба минатиот месец изјави дека Киев е подготвен за преговори под услов целосно да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, кои се признати од огромното мнозинство земји-членки на ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

