Европа
Шпанија потврди прв смртен случај од мајмунски сипаници во Европа
Шпанија потврди прв смртен случај од мајмунски сипаници во Европа.
Тоа е втор надвор од Африка во време на актуелната епидемија.
Бразил претходно денеска објави прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент.
Во својот последен извештај, шпанското Министерство за здравство соопшти дека во земјата се потврдени 4.298 случаи. Од 3.750 пациенти за кои има информации, се вели дека 120 се хоспитализирани – што претставува 3,2 отсто – и еден починал,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

