Свет
Шпанија размислува да воведе четири работни дена во неделата
Шпанската влада разгледува можност за воведување четиридневна работна недела, односно скреатено работно време, за да не дојде до пад на вработеноста.
Лидерот на левичарската партија „Унидас Помедос“, Пабло Иглесијас, изјави дека владата го разгледува предлогот за скратени работни часови за да го поттикне вработувањето.
Идејата за покуса работна недела може со години да се слуша ширум светот, но пандемијата на коронавирус и нејзиното влијание врз вработувањето поттикна многумина да размислуваат за економијата и општествените структури, пишува американската агенција „Блумберг“.
Многу фирми за време на пандемијата ги испратија вработените на принуден одмор, а некои ги отпуштија вработените.
Предлогот за промени на работната недела во Шпанија, владата ќе го претстави во рамки на социјалниот дијалог со синдикатите и здруженијата на работодавци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во Македонија и во Бугарија.
Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри североисточно од Врање, а потресот бил на длабочина од 14 километри и се почувствувал во 4 часот и 48 минути по локално време.
Свет
„Тик ток“ укинува стотици работни места, ја користи вештачката интелигенција
Социјалната мрежа „Тик ток“ соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината.
Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post.
Вработените, од кои повеќето биле ангажирани во операции за модерирање, биле известени за отпуштањата преку електронска пошта.
Свет
Иран ја поништи смртната казна на активистката за работнички права, Мохамади
Врховниот суд на Иран ја укина смртната казна на активистката за работнички права Шарифе Мохамади.
Нејзиниот адвокат вели дека казната на Мохамади ќе биде преиспитана во ново судење. Мохамади беше приведена во декември минатата година и оттогаш беше сместена во повеќе затвори. Револуционерниот суд во јули ја осуди Мохамади на смрт за вооружен отпор против Исламската Република.
Мохамади беше активна во одбрана на работничките права во иранската провинција Гилан.