Контакт

Европа

Штрахе поднесе оставка, скандалозното видео од Ибица го сруши вицеканцеларот

Објавено пред

Австрискиот заменик-канцелар Хајнц-Кристиан Штрахе поднесе оставка од оваа функција по објавувањето на тајната видео-снимка на која се гледа како тој во Ибица и нуди владини работи на руска добротворка во замена за фиансиска поддршка за неговата партија. Се очекува утре да поднесе оставка и на чело на партијата која е главен коалиционен партнер на владејачката партија на канцеларот, Себастијан Курц.

dobivaj vesti na viber

„Ја поднесов мојата оставка како заменик-канцелар на Австрија на канцеларот Себастијан Курц и тој ја прифати оваа одлука”, рече Штрахе и додаде дека не ги крши законите и признава дека тоа е исклучително засрамувачка, пијана афера.

Штрахе ќе го замени министерот за транспорт, Норберт Хофер. Скандалот доведе до шпекулации за иднината на владејачката коалиција меѓу партијата на Штрахе и партијата на канцеларот Себастијан Курц.

Не е јасно кој стои зад видеото објавено вчера.

На видеото, покрај Штрахе присутен е и потпретседателот на десничарската партија Јохан Гуденус кој  денеска исто поднесе оставка.

 

Европа

(Видео) Зеленски по разговорот меѓу Путин и Трамп: Русите планираат неколку нови офанзиви

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави по вчерашниот договор за ограничен прекин на огнот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин дека рускиот претседател планира неколку нови офанзиви.

dobivaj vesti na viber

„Путин сака да започне неколку офанзиви во правец на Запорожје, на исток, во правец на Харков и Суми со цел да изврши максимален притисок врз Украина. Тој ќе се обиде да го направи тоа во наредните месеци. И не му е грижа колку од неговите луѓе ќе загинат“, рече Зеленски.

„Тој, заедно со неговите Севернокорејци, пријателите од Иран и дроновите Шахед, сака да влезе во нашите територии што е можно повеќе за во некој момент да повика на прекин на огнот со ултиматум за Украина, за да се најде во поповолна ситуација и да изврши максимален притисок врз Украина, нашиот народ и мене лично. Тоа е факт“, рече Володимир Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

Стармер разговараше со Зеленски: „Ќе бидеме покрај Украина онолку долго колку што е потребно“

Објавено пред

Британскиот премиер Кир Стармер разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски откако Соединетите Држави и Русија се договорија да работат на ограничено примирје за енергетската инфраструктура во источноевропската земја разурната од војна.

dobivaj vesti na viber

Премиерот телефонски разговараше со украинскиот претседател во вторникот, по разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин за ставање крај на тригодишната војна.

Американските и руските лидери се согласија да работат на план кој ќе ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура и може да го отвори патот за прекин на огнот во Црното Море, а потоа и целосен и одржлив крај на конфликтот.

Портпаролката на Даунинг стрит рече дека „премиерот разговарал со претседателот Зеленски оваа вечер“.

„Тие разговараа за напредокот што го постигна претседателот Трамп кон прекин на огнот во преговорите со Русија. „Претседателот Зеленски извести за ситуацијата на бојното поле, а премиерот ја повтори непоколебливата поддршка на Обединетото Кралство (за Украина).

Стармер претходно го поздрави „напредокот што го постигна претседателот Трамп кон прекин на огнот“. Портпаролката додаде дека „овој процес мора да доведе до праведен и траен мир во Украина“.

„Ќе стоиме покрај Украина онолку долго колку што е потребно за да се осигураме дека Русија никогаш повеќе нема да започне нелегална инвазија“.

Зеленски рече дека ќе ги поддржи напорите на САД да ги запрат нападите врз енергетската мрежа на неговата земја, според извештаите на медиумите. Но, украинскиот лидер исто така рече дека се надева дека ќе може да разговара со Трамп за да разбере што разговарал со рускиот лидер.

Нападите врз енергетската мрежа на Украина се дел од инвазијата на Москва, а руските сили постојано напаѓаа електрани и друга инфраструктура. Западните земји, вклучително и ОК, ја осудија Русија за напади врз електрани кои произведуваат електрична енергија за украинското население, иако Кремљ негира дека имало такви напади.

Прикажи повеќе...

Европа

Градоначалникот на Истанбул под истрага за корупција

Објавено пред

Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и на околу стотина други лица, меѓу кои и новинари и бизнисмени, како дел од истрагата за корупција, објави порталот Сабах.

dobivaj vesti na viber

Советникот за медиуми на градоначалникот Мурат Онгун во раните утрински часови денеска на социјалната платформа Икс напиша дека Имамоглу е приведен, за што не се наведува причина.

Имамоглу на Икс рече дека стотици полицајци се надвор од неговата куќа, додавајќи дека тој нема да се откаже, туку ќе се исправи пред притисокот. Според снимките во живо од Си-Ен-Ен Турк, десетици припадници на интервентната полиција биле пред куќата на Имамоглу. Полицијата го претресува неговиот дом како дел од истрагата, објави телевизијата.

Истанбулскиот универзитет вчера објави дека поради нерегуларности му ја поништил дипломата на Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нанесувајќи и удар на опозицијата, која во наредните денови требаше да го избере за претседателски кандидат.

Без универзитетска диплома, градоначалникот на Истанбул од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) не може да се кандидира за претседател. „Ќе ја однесеме оваа незаконска одлука на суд и ќе се бориме против неа“, рече тој, додавајќи дека одлуката на Универзитетот е незаконска.

Владата на Ердоган негира дека врши политички притисок врз судовите и тврди дека судството е независно. Одлуката е донесена во контекст на зголемената правна репресија против опозициските политичари, особено Имамоглу, против кого се покренати неколку обвиненија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Таравари: Eкспертски тим од Министертвото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта на 32-годишникот од Куманово

„Во овие тажни часови за сите нас, страшна вест ми стигна од Куманово. Животот на еден млад човек беше скратен...

Македонија58 минути

„Да не се шират дезинформации, бројот на жртви во Кочани е 59“, Владата со повик да не се објавуваат непроверени информации

„Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и...

Свет2 часа

(Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди за да го исполни своето...

Европа3 часа

Градоначалникот на Истанбул под истрага за корупција

Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и на околу стотина други лица, меѓу кои и новинари...

Европа3 часа

(Видео) Путин во рекорден рок го прекрши договорот со Трамп за ограничено примирје, објавија Украинците

Русија и Украина рано утринава се обвинија меѓусебно за воздушни напади кои предизвикаа пожари и оштетена инфраструктура само неколку часа...

Регион3 часа

Вучиќ: Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека неговата земја е изложена на „месеци на терор“ и ги нарече разговорите меѓу лидерите...

Македонија13 часа

(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија...

Македонија16 часа

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција: заеднички им се пиротехника, пренатрупаност и изоставени безбедносни проверки

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани уште еднаш ги истакна смртоносните последици од неправилната употреба на пиротехничките средства во...

Македонија17 часа

Митева: Во Скопје само 2 објекти од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекти за кабаре...

Македонија17 часа

Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели...

Македонија17 часа

Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани, информирше Тошковски

Досега за случајот со пожрот во Кочани се приведени 18 лица во СВР Штип и СВР Скопје, а задржани се...

Македонија22 часа

Осуммина пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство, Мерџаноски вели дека не се во тешка состојба, но има влошување

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но...

Македонија22 часа

Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци: Мицкоски најави голема акција и затворање и санкционирање на сите што не ги исполнуваат условите за работа

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави...

Македонија23 часа

Умре колега на кој треба да му се издигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски, кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија23 часа

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија23 часа

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и...

Македонија1 ден

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија1 ден

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион1 ден

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија1 ден

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...