Европа
Штрајкот ги запре возовите во и околу Амстердам

Во реонот на Амстердам денеска речиси запрен железничкиот сообраќај поради штрајк на работниците. Возовите во меѓународниот сообраќај беа запрени, како и на линијата до прометниот аеродром Шипхол.
Компанијата „Еуростар“ која управува со возовите меѓу Лондон и Амстердам, објави дека нејзините возови нема да сообраќаат ниту до Ротердам, ниту до Амстердам.
Компанијата Thalys, чии возови сообраќаат во Франција, Холандија и Белгија, ги предупреди патниците дека возниот ред ќе биде во застој.
Железничарите штрајкуваат барајќи повисоки плати и подобри услови за работа, пренесува Бета-АП.
Официјални претставници на синдикатот велат дека железничките работници се под силен притисок од недоволно персонал и им е потребно значително зголемување на платите поради инфлацијата што ја погоди Холандија и остатокот од Европа,пренесе Политика.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Европа
Шпанскиот премиер му пиша на шефот на НАТО: не сака да троши 5 проценти од БДП за одбрана

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да го исклучи од својата цел за зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП, според писмото испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое Ројтерс имал увид.
Санчез побара „пофлексибилна формула“ што или ќе го направи постигнувањето на целта доброволно или ќе ја ослободи Шпанија од неа.
„Посветувањето на целта од 5 проценти не само што би било неразумно, туку и контрапродуктивно, бидејќи дополнително би ја оддалечило Шпанија од оптимално трошење и би ги нарушило сегашните напори на Европската унија за зајакнување на нејзината безбедност и одбрана“, напиша Санчез во писмото.
Тој додаде дека новата цел, предложена од САД, е „некомпатибилна со шпанската држава на благосостојба и шпанскиот поглед на светот“. „Мадрид проценува дека ќе треба да потроши 2,1 процент од својот БДП за да ги задоволи воените потреби на Шпанија“, рече Санчез.