Свет
Шји Џјинпинг вети помош за Газа: Правдата не треба трајно да отсуствува
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг во четвртокот вети помош за Појасот Газа и се заложи за мировна конференција на состанокот со највисоките претставници на арапските земји.
Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН и свикувањето поголема, поавторитативна и ефективна меѓународна мировна конференција, рече Шји во четвртокот во Пекинг.
Шји рече дека Пекинг има намера да помогне во повоената реконструкција и ќе ѝ донира 3 милиони долари на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA).
„Војната не треба да продолжи бесконечно, правдата не треба трајно да отсуствува“, изјави претседателот на кинеската држава и лидер на Комунистичката партија.
Пекинг зазеде неутрален став во тековниот конфликт во Газа и постојано повикува на разговори за прекин на огнот, без директно да ги осуди нападите на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври, кои го предизвикаа конфликтот.
Во средата Министерството за надворешни работи во Пекинг уште еднаш ја изрази својата загриженост поради израелската офанзива врз градот Рафа во јужниот дел на Газа и ги повика релевантните страни да ги прекинат борбите.
Кина со години има добри односи со арапскиот свет богат со ресурси.
Кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал-Калифа, египетскиот претседател Абдел-Фатах ал-Сиси, тунискиот претседател Каис Сајед и претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал-Најан, отпатуваа во Пекинг на Кинеско-арапскиот форум за соработка.
Пекинг инвестира пари во голем број проекти во регионот преку својата иницијатива „Појас и пат“. Шји ги наведе зелените технологии и вештачката интелигенција како други потенцијални области на соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

