Европа
Јан Захрадил верува дека ЕУ поставува нереални климатски цели

Плановите на ЕУ за исфрлање на јаглеродот од употреба до 2050 година се нереални и треба да се напуштат, тврди кандидатот за претседател на Европската комисија, Јан Захрадил.
Јан Захрадил, претседател на Алијансата на конзервативците и реформистите во Европа (АЦРЕ), рече дека Европа треба да ги исполни постојните цели за штетни емисии пред да дава нови ветувања, за кои тој верува дека многу земји членки нема да можат да ги исполнат.
„Јас би се држел до нашите сегашни обврски“, рече чешкиот европратеник.
„Морам да бидам многу отворен кога станува збор за тој повик од Комисијата и од парламентот барајќи економија без јаглерод до 2050 година“, рече тој. „Верувам дека е убаво да се каже, но прилично нереално е да се постигне тоа“.
Тој рече дека не е климатски скептик, но верува дека не сите причини за климатските промени се создадени од човекот.
„Не го негирам фактот дека СО2 и други гасови со ефект на стаклена градина предизвикуваат климатски промени“, рече тој. „Она што сакам да кажам е дека има и други помали проблеми, кои исто така имаат одредено влијание врз тоа“.
Захардил додаде дека и неговиот син зел учество во неодамнешните протести за климатските промени, опишувајќи ги демонстрациите како „легитимни“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.