Свет
Јапонија го повика Бајден да го поддржи Тајван
Јапонскиот службеник за одбрана, Јасухиде Накајама, го повика новоизбраниот американски претседател Џо Бајден да му даде силна поддршка на Тајван.
Како што изјави, Бајден треба да го поддржи Тајван од агресивната Кина нарекувајќи ја безбедноста на островот црвена линија.
„Ние сме загрижени дека Кина ќе го прошири својот агресивен став и во други области, освен во Хонгконг. Мислам дека една од следните цели или она што сите ги загрижува е Тајван“, изјави државниот секретар Накајама за „Ројтерс“. Тој го повика Бајден да заземе сличен став кон Тајван како претседателот во заминување Доналд Трамп, кој значително ја охрабри продажбата на воена опрема на островот и го зголеми ангажманот.
Ангажманот на Јапонија со Тајван исто така напредуваше во последните години, главно на невладина основа. Токио ја почитува политиката на една Кина, деликатно балансирајќи ги своите односи со соседниот гигант Кина и својот долгогодишен воен сојузник во Вашингтон.
Јапонија ги дели стратешките интереси со Тајван, кој се наоѓа на морските патишта низ кои тече голем дел од јапонската набавка и трговија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

