Свет
Јапонија и Австралија ги јакнат воените врски
Јапонскиот премиер Шинзо Абе во саботата во Сиднеј со австралискиот колега Маколм Тарнбал разговараше за јакнењето на воените врски и регионалната безбедност и двајцата изразија приврзаност на Транспацифичкото партнерство (TTP), договорот за слободна трговија кој новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го доведува во прашање.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе во Сиднеј пристигна во петокот вечерта во рамите на турнејата по четирите земји од азиско-пацифичкиот регион со кои Јапонија сака да ги зајакне односите.
По средбата, двајцата челници изјавија дека сакаат „посилна соработка“ во областа на регионалната безбедност вклучително и во Јужно-Кинеското Море и Северна Кореја.
Абе додаде дека двајцата се доследни на продолжувањето на работата на Транспацифичкиот договор (ТТР) од што Трамп сака да се откаже.
„Во економската сфера, се согласивме за повторно би требало да ја покажеме важноста од слободната трговија“, порача јапонскиот премиер.
Двајцата челници договорија договор за соработка во областа на одбраната којашто на Австралија првпат ќе овозможи одржување заеднички воени вежби и посети, во рамките на договорот ој би требало да биде потпишан до крајот на годината.
Двете земји потпишаа и меморандум за разбирање во областа на спортот, пред Олимпијадата во Токио во 2020 година.
Во 2016 година Јапонија и Австралија потпишаа договор за економско партнерство, кој овозможува повеќе од 97 отсто од австралиските производи да се увезуваат во Јапонија без царини, а новата намалена царина се очекува и оваа година,
Абе ќе ја напушти Австралија во неделата и турнејата ќе ја продолжи со посетите на Индонезија и Виетнам./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

