Свет
Јапонскиот вицепремиер ги обвини жените за падот на наталитетот во земјата
Вицепремиерот на Јапонија се најде на остра критика кога ги обвини јапонските жени што немаат деца за опаѓањето на стапката на наталитет во земјата.
Таро Асо негираше дека старото население во Јапонија е причината за ваквата појава, како и за зголемувањето на трошоците за социјално осигурување, велејќи дека оние што тврдат дека постарото население е причина за проблемот грешат и дека тој е предизвикан од оние жени што не раѓаат.
Кога беше нападнат за таквите коментари, Асо рече дека ќе ги повлече доколку предизвикуваат недоразбирање.
„Коментарите предизвикаа лажна претстава, без да го пренесат она што го мислев“, рече тој, без да објасни што всушност мислел.
Јапонија е стара нација, односно земја каде што над 20 отсто од населението е постаро од 65 години. Ваквиот тренд почнал во 70-тите, пишува Си-ен-ен.
Во 2017 година во Јапонија се родиле околу 950.000 бебиња, а бројот на смртни случаи пораснал на 1,3 милион, покажуваат податоците на јапонското Министерство за здравство и труд.
Токио има најниска стапка на наталитет во земјата и највисок број деца што чекаат да бидат примени во градинка. Речиси 5.400 деца моментно се на листата на чекање.
Неодамнешните истражувања покажуваат и дека во последните три децении бројот на мајки што се враќаат на работа по раѓањето деца се зголемил од 50 на 75 отсто, но голем број од нив се соочува со пониска плата и недостиг на можности за напредок.
„Владата треба да направи повеќе за да им помогне на домаќинствата да постигнат баланс меѓу работата и грижата за семејството наместо да ги осудува жените“, изјави Џеф Кингстон, професор по јапонски студии на Универзитетот „Темпл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.
Свет
Најмалку 60 лица се повредени во судир на воз и локомотива во Буенос Аирес
Најмалку 60 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Пожарникарите, полицијата и брзата помош се на терен и помагаат да се префрлат повредените патници во болниците, објави Ројтерс.
Во судирот првиот вагон од патничкиот воз излета од шините и беше оштетен.