Свет
Јапонскиот премиер: Нашата земја е на работ
Јапонскиот премиер Фумио Кишида вети дека ќе преземе итни чекори за справување со падот на наталитетот во земјата. Во последните години Јапонија се обиде да ги охрабри своите жители да имаат повеќе деца со ветување парични бонуси и многубројни бенефиции, но останува едно од најскапите места во светот за одгледување дете, покажува истражувањето.
Бројот на раѓања минатата година беше рекордно низок, според официјалните бројки, и првпат падна под 800.000 – пресвртница што се случи осум години порано отколку што очекуваше владата. Ова, најверојатно, ќе го забрза натамошниот пад на бројот на жители во земја во која просечната возраст е 49 години, највисока во светот по Монако.
„Нашата земја е на работ. Прашањето е дали може да ги задржи своите општествени функции“, рече Кишида во политичкиот говор на отворањето на годинешната парламентарна седница. „Тоа е сега или никогаш кога станува збор за политиката на раѓање и воспитување деца – тоа е прашање што едноставно не може да чека повеќе“, додаде тој.
Кишида рече дека ќе поднесе планови за двојно зголемување на буџетот за политиките поврзани со децата до јуни и дека во април ќе биде формирана владина агенција за деца и семејства, која ќе го надгледува ова прашање.
Јапонија е третата најскапа земја во светот за одгледување дете, според YuWa Population Research, зад Кина и Јужна Кореја, земји што исто така сметаат дека намалувањето на населението дава загрижувачки знаци за глобалната економија. Други земји исто така се соочуваат со стареење и намалување на населението, при што Кина минатата недела објави дека нејзиното население ќе опадне во 2022 година првпат по 60 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

