Свет
Ја отворил вратата на авионот зашто бил под стрес – мажот зборувал со полицијата по инцидентот
Јужнокорејската полиција денеска побара налог за апсење на патникот кој ја отвори вратата на авионот на Asian Airlines неколку минути пред да слета во Јужна Кореја.
Патникот и рекол на полицијата дека ја отворил вратата на авионот неколку минути пред да слета во Јужна Кореја бидејќи се чувствувал непријатно и сакал брзо да излезе од авионот.
Патникот кажа дека бил под стрес откако неодамна ја загубил работата, објави денеска Јонхап, повикувајќи се на полициски извор.
#INCIDENT | Asiana Airlines flight OZ8124 to Daegu, South Korea was involved in an incident when an emergency exit was apparently opened by a passenger prior to landing.
Video: Yonhap News AgencyRead more at AviationSource!https://t.co/dpkbRUuDDA#AsianaAirlines #Daegu… pic.twitter.com/w3acG9UR0X
— AviationSource (@AvSourceNews) May 26, 2023
Маж на околу триесет години бил приведен кога авионот слетал во петокот.
Тој ја отворил вратата од авионот кога леталото било на околу 213 метри од земјата, предизвикувајќи паника меѓу патниците.
Девет патници беа пренесени во болница поради проблеми со дишењето, а сите беа пуштени по околу два часа, изјави претставник на противпожарната служба.
Официјалните лица го објавија само името на патникот кој го предизвика инцидентот како Ли.
На телевизиско видео, за кое се вели дека е снимено од патник, се прикажани моментите пред слетувањето, со отворени врати на авионот и со патници седнати на своите места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

