Свет
Јеменските Хути извеле напад со дронови на аеродромот „Абха“ во Саудиска Арабија
Военото крило на јеменското движење „Ансар Алах“, познато и како Хути, изврши напади со беспилотни летала врз аеродромот „Абха“ во Саудиска Арабија, пренесува „Ројтерс“.
Хутите ги насочиле беспилотните летала кон станицата за гориво и контролната кула на аеродромот. Властите на Саудиска Арабија сè уште не го коментирале инцидентот.
На 1 август движењето нападна воена парада во Аден, седиште на владата и упориште на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, при што загинаа 36 лица. Хутите сепак не презедоа одговорност за инцидентот.
Во последните неколку месеци Хутите постојано напаѓаат воени и цивилни цели преку границата во Саудиска Арабија. За возврат, коалицијата предводена од Ријад продолжи да извршува воздушни напади против Хутите во Јемен.
Според ОН, војната во Јемен предизвика огромна хуманитарна криза во која загинаа најмалку 60.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.