Свет
Јужна Кореја е првата земја во светот што одржува избори во ек на пандемијата
Во Јужна Кореја денеска се одржуваат парламентарни избори со строги ограничувања воведени во целата земја поради пандемијата на коронавирусот.
Од 6 часот по полноќ по локално време отворени се речиси 14.000 избирачки места, а на граѓаните што доаѓаат да го остварат своето гласачко право им се мери температура, одделени се едни од други и сите се заштитени со маски и раквици.
Парламентарните избори треба да обезбедат поддршка за политиката на претседателот Мун Џе-ин во последните две години од неговиот мандат да ја спроведе својата агенда за намалување на фискалните обврски и невработеноста, зголемување на минималните плати и подобрување на односите со Северна Кореја.
Додека изборите се одложени во целиот свет поради пандемијата, Јужна Кореја е првата земја во која се одвива гласање. Иако епидемијата во Јужна Кореја се намалува, експертите предупредуваат дека може повторно да избувне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) „Совесно и верно ќе ги извршувам должностите на функцијата што ќе ја преземам“: Трамп положи заклетва како 47. претседател на САД
Доналд Трамп положи заклетва и официјално стана 47-ми претседател на САД.
„Свечено се колнам дека ќе го поддржам и бранам Уставот на Соединетите Држави против сите непријатели, странски и домашни; дека ќе бидам верен на истото; дека оваа обврска ја преземам слободно, без никаква ментална резерва или намера за затајување и дека совесно и верно ќе ги извршувам должностите на функцијата што ќе ја преземам, затоа Бог помогни ми, гласи заклетвата штоТрамп ја прочита на две библии.
Инаку, иако првично беше планирано Трамп да положи заклетва пред Капитол пред 200.000 луѓе, како што беше најавено, церемонијата беше преместена во зградата поради екстремно студеното време, поточно на делот од Капитолот под најголемата централна купола на зградата.
Овој простор содржи скулптури, релјефи и слики на најважните американски претседатели и други значајни личности или оние кои оставиле најголем белег во историјата на таа земја. Со претседателите Хари Труман, Двајт Ајзенхауер, Џејмс Гарфилд, Улис Грант и други, како и Мартин Лутер Кинг, Елизабет Кејди Стентон, Сузан Ентони.
На заклетвата и претходеше свечен дел кој се состоеше од:
Музички вовед изведен од комбинираните хорови на Универзитетот во Небраска-Линколн;
Воведен дел: Мелодија „The President’s Own“ во изведба на Бендот на американскиот маринци;
Кардиналот Тимоти Долан, архиепископ од Њујорк, и свештеникот Френклин Греам од Samaritan’s Purse и Евангелистичкото здружение Били Греам, принесоа молитва;
Свет
Бајден го пречека Трамп во Белата куќа: „Добредојдовте дома“
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој денеска ќе ја преземе функцијата, пристигна во Белата куќа со сопругата Меланија, каде ги пречека шефот на државата во заминување Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил.
Пред традиционалната средба зад затворени врати, на чај и кафе, Џозеф и Џил Бајден ги пречекаа идниот претседател и првата дама на САД на црвен тепих украсен со злато, разменија поздрави и се фотографираа.
„Добредојдовте дома“, му рече Бајден на Трамп откако неговиот наследник во Белата куќа излезе од автомобилот.
Приватната средба меѓу претседателот во заминување и избраниот претседател е традиција во процесот на транзиција во САД, но таа не беше забележана пред четири години, кога Трамп одби да ја признае победата на Бајден на изборите во 2020 година и да присуствува на неговата инаугурација.
По средбата, Бајден и Трамп со своите сопруги ќе се упатат кон Конгресот на САД, каде церемонијата на инаугурација ќе започне во 12 часот по локално време (18 часот по средноевропско време).
Пред да пристигне во Белата куќа, Трамп присуствуваше на богослужба во епископска црква.
Пред пристигнувањето на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа, потпретседателката на САД во заминување Камала Харис го пречека новоизбраниот потпретседател Џеј-Ди Венс.
Ова досега не беше обичај, бидејќи само новоизбраниот претседател обично ја посетува Белата куќа на денот на инаугурацијата.
Харис и Венс, кои денеска исто така беа придружувани од нивните сопружници, досега не одржаа формална средба, бидејќи потпретседателот во заминување не го покани наследникот да ја посети официјалната резиденција.
Свет
Инаугурација на Доналд Трамп: Новиот американски претседател пристигнува во Капитол, наскоро ќе положи заклетва
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја презема функцијата по втор пат, осум години по првиот пат. Трамп на денешната инаугурација официјално ќе положи заклетва и ќе стане 47-ми претседател на САД.
Уставот на САД предвидува мандатот на секој нов претседател да започне на 20 јануари точно напладне, по локално време во Вашингтон (18 часот по средноевропско време).
Инаку, Трамп од моментот кога победи, најавува поинаква Америка. Тој има око на Гренланд, Панамскиот канал, тврди дека тој е одговорен за прекинот на огнот во Газа и дека за еден ден ќе стави крај на војната во Украина.
На инаугурацијата, покрај Џо Бајден, присутни ќе бидат и сите поранешни живи претседатели на САД – Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон, додека од поранешните први дами нема да присуствува само Мишел Обама. Како почесни гости, Трамп покани неколку технолошки милијардери, кои ќе седнат на сцената заедно со други познати личности и идни министри.