Свет
Јужна Кореја тврди дека Ким Џонг-ун е жив и здрав
Јужна Кореја смета дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, е жив и здрав и покрај шпекулациите дека е тешко болен или мртов, соопштија официјални лица.
„Ставот на нашата влада е цврст. Ким Џонг-ун е жив и здрав. Тој престојува во областа Вонсан од 13 април. Досега не се откриени никакви сомнителни движења“, изјави Мун Чунг-ин, висок советник за надворешна политика на Јужна Кореја, за Си-ен-ен.
Тврдењата од соседството на контроверзниот лидер додаваат конфузија за севернокорејскиот моќник, кој во последните денови е предмет на спротивставени извештаи дека починал, некои известуваат дека бил во вегетативна состојба, а Јужна Кореја тврди дека е добар.
Тврдењето на Јужна Кореја го поткрепува и веста дека Ким Џонг-ун им се заблагодарил на градежниците што работат во источниот крајбрежен регион Вонсан, пренесува главниот весник на земјата „Родонг Синун“. Според медиумите од Сеул, сличен извештај објавила и корејската Централна радиодифузна станица.
„Врховниот лидер Ким Џонг-ун им упати благодарност на работниците кои се посветија на изградбата на туристичката зона Вонсан-Калма“, пишува „Родонг Синмун“.
Вонсан-Калма е туристичка зона во изградба, што Ким Џонг-ун внимателно ја набљудува. Тој и претходно во февруари им упати слична честитка на локалните градежници.
Во саботата,ж американскиот тинк-тенк „38 норт“ објави дека сателитските снимки покажале воз, кој наводно им припаѓа на севернокорејскиот лидер и неговото семејство, паркиран во областа на елитното одморалиште на 21 и 23 април.
Шпекулациите за смртта на Ким Џонг-ун беа поттикнати од неговото отсуство од долгоочекуваната прослава на 88-годишнина од постоењето на Северна Кореја минатата недела. Новите извештаи од Јапонија тврдат дека Ким е мртов, а други извештаи тврдат дека Кина испратила лекари за да му помогнат на критично болниот азиски лидер.
Според Си-ен-ен, официјалната вест за евентуалната смрт на Ким, најверојатно, би дошла од севернокорејските државни медиуми, иако објавата на смртта на неговиот татко, Ким Јонг-ил, дојде најмалку четири дена откако поранешниот диктатор почина од срцев удар.
Ким ја презеде власта по смртта на својот татко. Меѓу можните наследници е и сестрата на Ким, Ким Јо Јонг, која би станала првиот женски лидер на републиката.
„Голем женски лидер би бил брз преседан и шокантна новина, но нема да биде ерес. Потребата да се задржи моќта во семејството е најважно од сè, вклучително и какви било традиции на шовинизам и мизогинија во Северна Кореја“, изјави за Си-ен-ен севернокорејскиот експерт од Универзитет „Тафт“, Сунг-Јун Ли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Според него, Украина работи со сите партнери за безбедносни гаранции.
„Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ги продолжиме безбедносните гаранции, за да бидат поефикасни за инвеститорите на кои им се потребни гаранции повеќе од пет до десет години“, рече Зеленски, пренесоа украински медиуми.
Тој додаде дека американската страна синоќапредложила гаранции од 15 години, додека Украина сака да додаде 20 години на тоа, за периодот да биде помеѓу 30 и 50 години.
„Зависи од тоа што ќе одлучат администрацијата и Конгресот, ќе видиме“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.

