Европа
Јужнокорејските нуркачи во Будимпешта се обидуваат да стигнат до потонатиот брод
Јужнокорејските нуркачи спасувачи, денеска, извршија тест-нуркање во Дунав во Будимпешта како дел од планот да нурнат до остатоците од туристички брод што превезуваше туристи од Јужна Кореја, а кој потона минатата недела по несреќата.
Пловечкиот хотел „Викинг Сигин“ во средата за време на силниот дожд удри во помалиот туристички брод „Сирена“ на Дунав. „Сирена“, на кој беше група Јужнокорејци, се преврте и потона во најлошата несреќа на Дунав во последниот половина век.
Досега загинаа седум лица, а за 21 исчезнато лице се претпоставува дека се мртви.
Седум Корејци беа спасени, а седум тела беа пронајдени ноќта по несреќата. Уште 21 лице, 19 Корејци и двајца Унгарци, исчезнаа и се верува дека се мртви.
Надојдената река ги спречи нуркачите да дојдат до остатоците од бродот и да ги најдат настраданите пет дена по несреќата.
„Нуркањето ќе се тестира од 8 часот наутро по локално време за да се провери можноста за подводна работа веднаш штом ќе завршат подготовките“, рекоа спасувачите во соопштението.
„Целта на денешното нуркање не е да се влезе во бродот, туку да се провери каква е ситуацијата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

