Свет
„Јутјуб“ затвора 7 канали поврзани со Хутите
По означувањето на движењето на Хутите во Јемен како странска терористичка организација од страна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, „Јутјуб“ трајно избриша седум канали поврзани со Хутите, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Одлуката на САД тогаш беше критикувана од разни невладини организации и од некои високи американски функционери дека ги попречуваат напорите за меѓународна помош и ги поткопуваат сите шанси за мировни разговори. Актуелната администрација на претседателот Џо Бајден ја разгледува ознаката во ек на сè погласните повици за нејзино отповикување.
„Јутјуб“, кој е во сопственост на „Гугл“ од 2006 година, ги отстрани каналите, вклучувајќи ги Ал-Масира Мубашер, Милитари медија, групата АнсарАлах и Замел АнсарАлах, и објави дека тие се трајно избришани по разгледувањето на нивната содржина за кои се смета дека содржат тешки прекршувања на правилата за објавување.
Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео на почетокот на овој месец рече дека ознаките се наменети за да се повикаат Хутите на одговорност за своите терористички дела, вклучително и прекугранични напади вез цивилното население, инфраструктурата и трговскиот транспорт.
Јутјуб-каналите често се користат за пропагандни цели, вклучително и снимки од воени ангажмани и напади врз саудиските сили преку границата, особено од операциите за ослободување во покраината Најран, историски дел од Јемен.
Денес беа одржани масовни митинзи низ Јемен во најмалку 14 провинции во знак на протест против означувањето на Хутите, кои се дел од де факто владата со седиште во главниот град Сана. За денес е закажан и митинг преку Интернет промовиран под хаштагот #DayofAction4Yemen.
Според Институтот за Блискиот Исток, ставањето на Хутите на црната листа на САД покренува важни прашања за големите технолошки компании поради нивното големо присуство на социјалните мрежи.
Движењето, исто така, одржува активна група на Телеграм и има официјална веб-страница хостирана од Cloudfare со седиште во Сан Франциско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

