Свет
Њујорк опусте, градот го напуштиле 420.000 луѓе
Многумина улиците во Њујорк ги паметат по неговите жолти такси-возила, но деновиве обележјето на градот се камиони за селидба.
Според истражувањето, 420.000 луѓе го напуштиле Њујорк од март до мај. За град со повеќе од осум милиони жители, тоа не изгледа како многу, но на југот на Менхетн околу пет проценти од становите се празни, а во скапите населби речиси половина од становите се веќе празни, пишува „Себиз“.
„Живеете во градот затоа што сакате да бидете во градот. Но, кога сè ќе се затвори и исчезне, целата култура на живеење, ресторани, паркови… Тогаш е многу тешко“, вели Алисон Бернштајн.
Таа е агент за недвижности и истакнува дека никогаш немала толку многу работа.
„Нашиот бизнис напредува. Во споредба со минатата година, имаме 350 проценти повеќе барања од избувнувањето на пандемијата“, истакнува Бернштајн.
Порано луѓето сакаа да го најдат своето место во Њујорк, но сега е обратно – сакаат да заминат.
Луѓето заминуваат не само поради принудното мртвило, туку и затоа што Њујорк отсекогаш бил скап град, а поради корона-кризата, многумина веќе не може да си дозволат да живеат во градот. Многу луѓе ги загубиле своите работни места, а многумина допрва се подготвуваат да заминат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

