Свет
Њујорк прогласи вонредна состојба откако во Бруклин изби епидемија на морбили
Њујорк во вторникот прогласи вонредна состојба поради појавата на морбили во ултраортодоксната еврејска заедница во Бруклин.
Градоначалникот Бил де Блазио рече дека градот ќе бара невакцинираните лица кои живеат во одредени области во Бруклин да ја примат вакцината против мали сипаници како одговор на една од најголемите епидемии на сипаници во последниве децении.
Градоначалникот рече и дека градот можеби ќе изрече казни за оние кои нема да го направат тоа.
„Ова е епицентарот на епидемијата на мали сипаници, што е многу, многу вознемирувачки и мора веднаш да се реши“, изјави градоначалникот на прес-конференцијата во Вилијамсбург во Бруклин.
Најавата беше направена само еден ден откако Министерството за здравство нареди сите еврејски училишта во Бруклин да ги исклучат од часовите сите студенти кои не се вакцинирани против морбили, заканувајќи се со затворање во спротивно.
Од октомври се регистрирани 285 случаи на болеста во Бруклин и Квинс, од кои повеќето меѓу припадници на ултраортодоксната еврејска заедница.
Одбивањето меѓу припадниците на еврејската заедница да се вакцинираат произлегува од учењето на Тората дека верниците не треба да му нанесуваат никаква штета на своето тело бидејќи тоа им е дар од Бога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.