Контакт

Свет

Њу Делхи е најзагадениот мегаград во светот: „Тоа е најголемата закана за здравјето“

Објавено пред

Загадувањето на воздухот е поопасно за здравјето на просечниот човек на Земјата од пушењето или алкохолот, а заканата се влошува во нејзиниот глобален епицентар, јужна Азија, додека ситуацијата во Кина бргу се подобрува, покажа студија објавена денес.

dobivaj vesti na viber

Сепак, финансирањето, за да се одговори на тој предизвик, е дел од сумата посветена на борбата против заразните болести, според студијата на Институтот за енергетска политика на Универзитетот во Чикаго.

Нејзиниот годишен извештај за Индексот на животен квалитет на воздухот покажа дека загадувањето на воздухот со ситни честички, како што се оние од возилата и индустриските издувни гасови, шумските пожари и друго, останува „најголемата надворешна закана за јавното здравје“.

Доколку светот трајно ги намали овие загадувачи во согласност со границите на нивните нивоа во воздухот поставени од Светската здравствена организација (СЗО), просечниот човек би додал 2,3 години на својот животен век.

Ситните честички се поврзани со белодробни заболувања, срцеви заболувања, мозочни удари и рак.

За споредба, тутунот го скратува животниот век во светот за 2,2 години, а неисхранетоста на децата и мајките е одговорна за намалување на очекуваниот животен век за 1,6 година.

Азија и Африка го носат најголемиот товар, но имаат една од најслабата инфраструктура за обезбедување навремени и точни податоци на граѓаните.

Целиот континент Африка добива помалку од 300.000 долари за борба против загадувањето на воздухот.

„Постои длабока неповрзаност помеѓу тоа каде е најлошо загадувањето на воздухот и каде ние, колективно и глобално, користиме ресурси за да го решиме проблемот“, изјави за АФП, Криста Хасенкопф, директорка на програмите за квалитет на воздухот во Институтот за енергетска политика на Универзитетот во Чикаго.

Иако постои меѓународно партнерство за финансирање наречено Глобален фонд, кој издвојува 4 милијарди долари годишно за ХИВ/СИДА, маларија и туберкулоза, не постои еквивалент за загадувањето на воздухот.

„Сепак, загадувањето на воздухот го намалува животот на просечниот човек во Демократска Република Конго и Камерун повеќе години отколку ХИВ/СИДА, маларија и други здравствени закани“, се вели во извештајот.

На глобално ниво Јужна Азија е најтешко погодениот регион.

Бангладеш, Индија, Непал и Пакистан се соодветно четирите најзагадени земји во однос на годишните просеци на фини честички во однос на бројот на жители, кои се детектирани од сателити и дефинирани како честички со дијаметар од 2,5 микрона или помалку.

Концентрациите на загадувањето на воздухот потоа се внесуваат во метриката, која го пресметува нивното влијание врз очекуваниот животен век.

Жителите на Бангладеш, каде што просечните нивоа на ПМ 2,5 беа 74 микрограми на кубен метар, би добиле 6,8 години живот доколку се доведат до насоките на СЗО од 5 микрограми на кубен метар.

Главниот град на Индија, Њу Делхи, е најзагадениот мегаград во светот, со годишен просек од 126,5 микрограми загадување со честички на квадратен метар.

Кина, од друга страна, „постигна извонреден напредок во однос на војната против загадувањето на воздухот“, која почна во 2014 година, рече Хасенкопф.

Загадувањето на воздухот во таа земја се намалило 42,3 отсто меѓу 2013 и 2021 година.

Доколку се одржи постигнатото, просечниот кинески граѓанин ќе може да живее 2,2 години подолго.

Во Соединетите Американски Држави, законодавните мерки, како што е законот за чист воздух, помогнаа да се намали загадувањето 64,9 проценти од 1970 година помагајќи им на Американците да живеат 1,4 година подолго.

Но, зголемената опасност од шумски пожари поврзани со потоплите температури и посувите услови поради климатските промени предизвикува скокови на загадувањето од западниот дел на САД до Латинска Америка и Југоисточна Азија.

На пример, сезоната на шумски пожари во Калифорнија во 2021 година резултира со тоа што округот Плумас доби повеќе од петпати поголема просечна концентрација на фини честички од упатствата на СЗО.

Приказната за подобрување на загадувањето на воздухот во Северна Америка во последните децении е слична на Европа, но сè уште има големи разлики меѓу Западна и Источна Европа, а Босна и Херцеговина е најзагадена земја на континентот. Босна и Херцеговина е на 27. место со евентуална добивка од 1,84 година живот со подобрување на квалитетот на воздухот.

На врвот во Европа, покрај најдобриот Исланд, кој на 221. место и ги исполнува упатствата на СЗО, се и земјите како Финска, Шведска и Норвешка, кои се на 182., 181. и на 180. место и чии жители би добиле од 0,01 до 0,06 години живот за овие земји да се усогласат со препораките на СЗО.

Австралија е рангирана на високото 241. место за чист воздух.

Многу острови, како Аруба, Бахамите, Фиџи, Гуам, Сејшелите, се најдобри во светот.

Свет

Русија води цивилизациска воја, НАТО го смета за најголем непријател, рече полскиот претседател

Објавено пред

Русија води цивилизациска војна против Западот и го смета НАТО, вклучително и Полска, за свој главен непријател, изјави полскиот претседател Карол Навроцки.

dobivaj vesti na viber

Полскиот претседател предупреди дека Москва ќе продолжи да им се заканува на земјите долж источниот дел на НАТО преку „хибридна војна и операции на влијание од големи размери“.

„Русија ја гледа Организацијата на Северноатлантскиот договор како свој главен непријател во цивилизациската војна што ја води против Западот. Таа постојано ја гледа Полска и целото НАТО на тој начин“, изјави Навроцки во средата за време на состанокот со највисокото воено и безбедносно раководство на Полска, вклучувајќи го министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш и началникот на Генералштабот на полските вооружени сили, Вислав Кукула.

Тој додаде дека употребата на тактики на хибридно војување и операции за ширење на влијанието од страна на Москва е дизајнирана да ја тестира кохезијата на алијансата.

„Мора да бидеме подготвени да одговориме на низа настани и инциденти под прагот на војната што ќе ја тестираат нашата отпорност“, рече шефот на државата.
Европските власти ја обвинија Москва за оркестрирање на растечки бран саботажни операции низ целиот континент откако започна целосна инвазија на Украина во 2022 година.

Во Полска, истражителите минатата година поврзаа сомнителен обид за саботажа на железничките линии на истокот на земјата – клучен коридор за транспорт на западно оружје во Украина – со двајца Украинци обвинети дека работат во име на руската разузнавачка служба.

Службениците велат дека ваквите активности се дел од пошироката кампања за хибридно војување на Москва, насочена кон поткопување на западната поддршка за Киев, сеење социјални немири и тестирање на отпорноста на Европа.

Навроцки, исто така, предупреди дека Русија сè повеќе соработува со Кина и формира поширок блок на држави што би можеле да го предизвикаат разбирањето на Западот за меѓународниот поредок.

„За жал, Европа станува една од клучните арени на ова соперништво“, рече тој.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Објавено пред

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна.

dobivaj vesti na viber

Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија и е на респиратор.

Заменик-директорот за пулмологија Спасоје Попевиќ денес изјави дека неговата здравствена состојба останува сериозна, но дека ситуацијата е постабилна отколку во среда навечер.

„Тој е сè уште во сериозна здравствена состојба. Борбата продолжува, тој е на механичка вентилација и во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба“, рече Попевиќ.

Тој додаде дека е прерано да се даваат какви било прогнози.

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е нешто подобра. Вучиќ ја даде изјавата од авионот, пренесува РТС.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран и САД ги продолжуваат нуклеарните разговори, тече рокот на Трамп за постигнување договор

Објавено пред

Иран и САД во четврток одржуваат нова рунда разговори во Женева со цел решавање на долгогодишниот нуклеарен спор и спречување на понатамошни напади на САД врз Иран, со оглед на неговото воено засилување.

dobivaj vesti na viber

Двете земји ги продолжија разговорите овој месец во обид да го решат долгогодишниот застој околу нуклеарната програма на Иран, за која Вашингтон, другите западни земји и Израел веруваат дека е насочена кон развој на нуклеарно оружје. Техеран го негира ова.

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе учествуваат во индиректни разговори со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, изјави американски функционер за Ројтерс. Разговорите следат по минатонеделните состаноци во Женева и ќе бидат посредувани од министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, накратко ја истакна можноста за напад на Иран во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник, велејќи дека се залага за дипломатско решение, но нема да дозволи Техеран да има нуклеарно оружје.

Во средата, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, дополнително го нагласи ставот на Трамп.

„Иран не може да има нуклеарно оружје“, рече Венс во интервју за Фокс њуз.

Соединетите Американски Држави градат голема воена сила на Блискиот Исток, поттикнувајќи стравувања од поширок регионален конфликт. Минатиот јуни, САД му се придружија на Израел во нападот врз иранските нуклеарни постројки. Иран се закани со силна одмазда доколку има уште еден напад.

Трамп на 19 февруари изјави дека Иран мора да постигне договор во рок од 10 до 15 дена, предупредувајќи дека во спротивно „ќе се случат навистина лоши работи“.

Аракчи во вторникот изјави дека Иран сака фер и брз договор, но повтори дека нема да се откаже од своето право на мирна нуклеарна технологија. Вашингтон го гледа збогатувањето на ураниум на Иран како можен пат до нуклеарно оружје.

„Договорот е на дофат, но само ако дипломатијата е приоритет“, рече Аракчи во објава на „Икс“.

Ројтерс објави во неделата дека Техеран нуди нови отстапки во замена за укинување на санкциите и признавање на своето право да збогатува ураниум, обидувајќи се да избегне американски удар.

Сепак, двете страни остануваат длабоко поделени, дури и околу обемот и времето на ублажување на катастрофалните санкции на САД, изјави за Ројтерс висок ирански функционер.

Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи се соочува со најлошата криза во неговите 36 години на власт, додека економијата се бори под тежината на построгите санкции и обновените протести по раширените немири и крвавото задушување во јануари.

Исто така, се очекува генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, да биде во Женева за време на разговорите и да одржи средби со двете страни, исто како и минатата недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион41 минута

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет60 минути

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија1 час

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија1 час

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија2 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион2 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет2 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет3 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион4 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион4 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија17 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија17 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија19 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија21 час

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија22 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија23 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија23 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија23 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија23 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија23 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...