Европа
Британското разузнавање: Се исплати да се приклучиш на руската армија, Путин добро плаќа
Во најновиот разузнавачки извештај Министерството за одбрана на Велика Британија тврди дека воената служба во руските вооружени сили станала профитабилна од почетокот на целосната инвазија на Русија минатиот февруари.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 29 August 2023
Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/nSWXfviLbk
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/I7HUGt2OsV
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) August 29, 2023
„На 4 февруари 2022 година рускиот претседател Владимир Путин истакна дека еден поручник добивал 81.200 рубли месечно. До октомври 2022 година тој најави дека дури и мобилизираните војници ќе добиваат 195.000 рубли месечно. Многу помлади рангови, кои служат во Украина, сега заработуваат повеќе од 200.000 рубли месечно. Тоа е над 2,7 пати повеќе од руската национална плата од 72.851 рубли“, се вели во извештајот на британското разузнавање.
„Многу е веројатно дека платата и дополнителните бенефиции се силен поттик за вработените да се приклучат, особено оние од посиромашните области на Русија. Сепак, сѐ уште е мала веројатноста дека Русија ќе ги исполни своите цели за регрутирање волонтери“, додаваат тие.
Рускиот претседател нареди делумна мобилизација минатиот септември за зајакнување на руските сили. Тогаш беше објавено дека Русија планира да повика околу 300.000 резервисти, односно луѓе што поминале воена обука и, како што нагласи Путин, ги поседуваат специјалистичките вештини потребни на руската армија во војната во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.