Контакт

Вести

„Ќе дадеме сè од себе да се спречи војна“, српски директор алармира дека состојбата Косово – Србија е најтешка досега

Објавено пред

Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, изјави дека денеска се наоѓаат во најтешката ситуација досега, сето тоа по последното апсење на Србите во Косово.

dobivaj vesti na viber

„Белград и земјата Србија ќе дадат сè од себе за да спречат конфликт и војна. Во најтешката ситуација сме досега. Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше со Лајчак и со неколку меѓународни фактори за да го запре Курти“, рече Петковиќ.

Милун Миленковиќ, тренерот на кикбокс-клубот од Косовска Митровица, денеска беше уапсен од косовската полиција. Миленковиќ е уапсен во близина на техничкото училиште. Во Косовска Митровица се огласија сирените, а на улиците на Северна Митровица се собраа неколку стотици граѓани, а бројот на револтирани расте.

По тој повод, Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, на прес-конференција во владата на Србија рече дека Аљбин Курти со денешните изјави покажал оти е заинтересиран за војна. По негова наредба, Милун Миленковиќ е уапсен бидејќи е истакнат борец за српските национални интереси и за правата на Србите.

„Го уапсиле напладне во центарот во фризерски салон, кој бил опколен. Со долги цевки ги држеа случајните минувачи под закана. Гледаме дека Курти носи нови полициски сили на РОСУ на северот од КиМ. Како можеме да се движиме во насока на деескалација? Ние сме во речиси најтешка ситуација досега. Ваквите акции се насочени кон протерување на српскиот народ од Косово и Метохија. Го повикуваме КФОР итно да реагира и да интервенира и да ги отстрани полициските сили на РОСУ од северот на Косово и Метохија“, рече Петковиќ.

Тој додаде: „Наместо да ги повлече окупаторите од северно Косово и да се движи во насока на деескалација, што тоа го бара целата меѓународна заедница од Курти, тој носи нови косовски полициски сили. Објасни ми тогаш како можеме да се движиме во насока на деескалација?“

Петковиќ потенцира: „Курти сака на секој начин да предизвикува конфликти и војна. Ќе направиме сè како и досега да го зачуваме мирот, но никој не знае што има во главата на Курти. Наместо да ги ослободи претходно уапсените Срби, тој апси друг Србин. Сега носи нови сили, нови оклопни возила, нови полицајци на РОСУ, кои ги држат обичните граѓани на нишан“.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија3 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија5 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија6 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ7 часа

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...

Македонија7 часа

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските...

Култура10 часа

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа10 часа

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет10 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа11 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа11 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет12 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија21 час

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија23 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија1 ден

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија1 ден

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија1 ден

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија1 ден

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет1 ден

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...