Свет
Џонсон: Ако Путин беше жена, немаше да ја нападне Украина
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја нападнел Украина доколку бил жена и дека војната е „совршен пример за токсична мажественост“.
Во интервју за германските медиуми по самитот на Г7 во замокот „Шлос Елмау“, Џонсон изјави дека полот на рускиот претседател придонел за конфликтот во Источна Европа.
„Да беше Путин жена, што очигледно не е, но ако беше, навистина не мислам дека ќе дојдеше до оваа луда мачо-војна и насилство“, изјави Џонсон за ЗДФ.
Тој додаде дека тоа е пример за токсична машкост.
„Ако сакате пример за токсична машкост, тоа е она што тој го прави во Украина“, рече Џонсон.
Изјавите на британскиот премиер следуваа по тридневниот самит на Г7 во Германија, на кој најбогатите земји во светот ветија дека ќе работат на тоа режимот на Путин да трпи уште поголеми политички и економски последици поради војната во Украина.
По самитот на Г7, Џонсон замина во Мадрид на самитот на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

