Европа
Џонсон даде зелено светло за внимателни прегратки
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска даде зелено светло за прегратки со претпазливост и послужување пиво во пабовите, по неколку месеци строги ограничувања.
Владата во февруари објави план во четири чекори за постепено ублажување на социјалните ограничувања, а следната фаза треба да стапи на сила идната недела.
Џонсон рече дека владата ќе им овозможи на семејствата и блиските пријатели сами да носат одлуки за социјалните контакти, но ги повика луѓето да не ја занемаруваат претпазливоста и рече дека одржувањето на растојание е задолжително на работните места, во продавниците и рестораните, пренесува „Ројтерс“.
„Ова отклучување е многу важен чекор на патот кон враќање во нормала и јас сум убеден дека ќе можеме да одиме понатаму“, рече Џонсон на прес-конференција.
Повторното отворање ќе се однесува само на Англија, а полуавтономните влади на Шкотска, Северна Ирска и Велс ќе воспостават свои правила.
Главните медицински лица во земјата исто така денеска го намалија нивото на предупредување за Ковид-19, што значи дека епидемијата циркулира, но пренесувањето не е веќе високо и не расте експоненцијално.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Четворица цивили загинаа во гранатирање во Украина
Четири лица загинаа во гранатирање во Украина, руската војска е обвинета за жртвите во Доњецк, а украинските сили во регионот Запорожје, соопштија регионалните власти.
Во регионот Доњецк, точката на бавното напредување на Русија на запад долж линијата на фронтот, гувернерот Вадим Филашкин на Телеграм изјави дека две лица загинале кога руските сили го гранатирале градот Сиверск.
Понатаму, на југ, во областа контролирана од Русија во областа Запорожје, две лица загинаа кога градот Камјанка-Днипровска беше под украински оган, напиша на Телеграм Евгениј Белицки, гувернерот назначен од Русија.
Градот се наоѓа на голема акумулација покрај реката Днепар, која ја минува Украина, недалеку од нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите на бојното поле од ниту една завојувана страна.
Европа
Руските медиуми јавуваат дека 1.000 Украинци се опколени во Курск
Околу илјада припадници на вооружените сили на Украина се опколени од руски сили во близина на населбата Суџа во областа Курск, објави рускиот канал „Тринаесет“ на Телеграм, а пренесува info24.ru.
Според нивните наводи, руските сили во моментов вршат напад врз населбата Замостје во Суџа, како и врз нафтената рафинерија, каде се наоѓа едно од клучните упоришта на украинската армија.
Kursk
09.01.25 Sudzha – LeonidovoActive military operations in the Sudzha area.
Attack of the Russian Armed Forces by motorized rifle units on the Novoivanovka – Viktorovka line. Landing of troops on a position east of Leonidovo.
The Russian Armed Forces are advancing… pic.twitter.com/HxigiVsYRJ— — GEROMAN — time will tell – 👀 — (@GeromanAT) January 9, 2025
„Руската војска успеа да стави група украински сили во Мала Локња кај Суџа во оперативно опкружување. Бројот на непријателски војници во „казанот“ се проценува на 1.000 луѓе“, пишува „Тринаесет“.
Се додава дека руските сили се борат со украинската војска во населбите Гуево и Бондаревка, а во текот на денот руските војници успеале да ги ослободат селата Леонидово и Александрија во областа Курск.
Според руските воени дописници, се очекува украинските сили да започнат нова офанзива во наредните денови. Украинските војници ќе се обидат да ја дестабилизираат ситуацијата во неколку правци истовремено. Пограничните области на регионите Курск, Белгород и Брјанск би можеле да бидат нападнати, се дознава.
Европа
(Видео) Жена во Германија фрли торта во лицето на поранешен министер
За време на предизборен собир на Слободната демократска партија (ФДП) во Грајфсвалд, Германија, во покраината Мекленбург-Западна Померанија, поранешниот министер за финансии Кристијан Линднер беше нападнат од член на локалниот огранок на Младата левица.
Додека Линднер држеше говор, една млада жена му пријде одзади, му кажа неколку зборови, а потоа му фрли торта во лице. Линднер намачка дел од пената по косата на жената, по што обезбедувањето ја собори на подот.
Der Wahlkampf geht los. Bei seinem Einsatz für die Wirtschaftswende lässt CL sich durch nichts aufhalten. 🎂😂 TL pic.twitter.com/CoESmczmyY
— Christian Lindner (@c_lindner) January 9, 2025