Свет
Џонсон и Путин разговараа за Украина – каков било упад ќе биде погрешен и трагичен
Британскиот премиер, Борис Џонсон, му рекол на рускиот претседател, Владимир Путин, дека каков било упад во Украина би бил трагичен и погрешен, соопштија од кабинетот на Џонсон за време на нивниот денешниот телефонски разговор.
„За време на разговорот со рускиот претседател, премиерот изрази длабока загриженост поради актуелната непријателска активност на Русија на украинската граница“, изјави портпаролот на британската влада, пренесува „Ројтерс“.
Како што е наведено, Џонсон укажал на потребата да се најде начин напред што ќе ги почитува и територијалниот интегритет на Украина и правото на самоодбрана.
Британскиот премиер исто така нагласи дека секој натамошен упад на Русија на украинска територија би било трагична погрешна пресметка.
„Лидерите се согласија дека влошувањето не е во ничиј интерес. Премиерот ги истакна важноста на дијалогот и дипломатијата, како и потребата да се вклучи Украина во преговорите.
Џонсон и Путин ја поздравија неодамнешната билатерална комуникација за прашања, како што се климатските промени, Иран и Авганистан, и се согласија да го применат овој дух на дијалог на актуелните тензии со цел да се најде мирно решение, се вели во соопштението на кабинетот на британскиот премиер.
Пред повикот, кој требаше да се одржи на почетокот на оваа недела, но беше одложен затоа што Џонсон се бори против повиците на домашната политичка сцена да поднесе оставка, портпаролот на Кремљ гои исмеваше британскиот лидер и глупавоста и незнаењето на британските политичари, според „Ројтерс“.
Официјален Путин потврди и дека Путин и Џонсон во текот на денешниот разговор детаљно размениле мислења за внатрешната украинска криза, пренесува ТАСС.
„Путин, меѓу другото, ги разгледа клучните пристапи на Русија по ова прашање, а особено беше истакнато дека Киев хронично ги саботира договорите од Минск“, се наведува во соопштението на Кремљ.
За време на разговорите со британскиот премиер, рускиот претседател ја забележал и неподготвеноста на НАТО адекватно да одговори на загриженоста на Москва во однос на безбедносните гаранции, соопшти прес-службата на Кремљ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

