Свет
„Џонсон и Џонсон“ бара од СЗО да ја одобри нивната вакцина за итна употреба

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ објави дека ја пријавиле својата вакцина против коронавирусот за одобрување од Светската здравствена организација за итна употреба.
Компанијата наведува дека овој процес е предуслов за испорака на нејзината вакцина за програмата „Ковакс“, со која треба да се обезбедат вакцини за сиромашните и средноразвиените земји, пренесува „Ројтерс“.
„Џонсон и Џонсон“ во декември минатата година склучи договор за поддршка на програмата „Ковакс“.
„Џонсон и Џонсон“ и организацијата ГАВИ, која ја води „Ковакс“ со СЗО, очекуваат однапред да биде склучен договор за набавка на вакцини, со што ќе се обезбедат до 500 милиони вакцини преку таа програма во текот на 2022 година“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полскиот претседател ќе се сретне со Трамп, разговараше со Зеленски пред патувањето во Вашингтон

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска во Вашингтон ќе се сретне со Доналд Трамп, јави полската државна новинска агенција ПАП, откако Дуда го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да одржува мирна и конструктивна соработка со американскиот лидер.
Посетата на полскиот претседател доаѓа во време на влошување на односите меѓу Трамп и Зеленски, што ги вознемири европските сојузници на Киев. „Му предложив на претседателот Зеленски да остане посветен на мирна и конструктивна соработка со Доналд Трамп“, напиша Дуда на социјалната платформа Икс.
„Не се сомневам дека претседателот Трамп се води од длабокото чувство на одговорност за глобалната стабилност и мир“, додаде тој. Дуда, чиј мандат истекува во 2025 година, беше еден од преферираните меѓународни партнери на Трамп во неговиот прв мандат од 2017-2021 година, а тие се опишаа како пријатели.
Во средата Трамп го нарече Зеленски „диктатор“ и го предупреди дека мора брзо да дејствува за да обезбеди мир со Русија или може да ја изгуби својата земја. Зеленски одговори велејќи дека Трамп е заробен во руски „балон за дезинформации“, но подоцна ги ублажи своите изјави и рече дека се надева на американски прагматизам.
Зеленски вчера разговараше со Дуда
Вчера, тој рече дека разговарал со Дуда по телефон за да разговара за дијалогот со американскиот тим, предводен од пратеникот на Трамп во Украина, Кит Келог. „Важно е САД да стојат со нас. Силен и траен мир може да се постигне само преку единство“, рече Зеленски на Икс.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски вчера во Вашингтон се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио. На прашањето на новинарите по средбата дали ја разбира преговарачката тактика на Вашингтон во однос на Украина, тој одговори дека тоа е прашање за американската страна, но дека „има впечаток дека САД се залагаат за долгорочен мир“.
Тој одби да коментира што му рекол Рубио за разговорите со Русија во Саудиска Арабија.
Свет
Хамас го предаде телото на Шири Бибас, пред два дена предале погрешно тело

Од кибуцот Нир Оз денеска беше потврдено дека телото на жената предадена од палестинската екстремистичка група Хамас во Појасот Газа и припаѓа на киднапираната Шири Бибас.
„Со длабока тага кибуцот потврдува дека Шири Бибас е убиена додека била заложничка во Газа“, рече портпаролката.
Хамас вчера го предаде нејзиното тело на Црвениот крст, ден по предавањето на туѓото. Во четвртокот екстремистичката група ги предала и телата на синовите на 32-годишната германско-израелска државјанка, Ариел, кој во моментот на киднапирањето имал само четири години и Кфир, кој тогаш имал само 9 месеци. Беше предадено и телото на друг затвореник, 84-годишниот мировен активист Одед Лифшиц.
Израелските форензичари подоцна во четвртокот утврдија дека останките во четвртиот ковчег не припаѓаат на Шири Бибас, како што тврдеше Хамас.
„Нашата Шири беше убиена во заробеништво и сега се врати дома кај синовите, сопругот, сестрата и целото нејзино семејство. И покрај стравовите за нивната судбина, се надевавме дека на крајот ќе успееме да ги прегрнеме, а сега сме во болка и скршено срце“, објави семејството, повикувајќи на итно враќање на сите преостанати заложници.
Хамас има намера денеска да ослободи уште шест заложници, од кои тројца порано од планираното. Предавањето на Тал Шохам, Омер Шем-Тов, Елија Коен, Омер Венкерт, Аверо Менгисту и Хишам ал-Сајед е предвидено да започне во 11 часот по локално време, а во замена се очекува Израел да ослободи од затвор околу 600 палестински затвореници, меѓу кои 60 отслужуваат долги казни, објавија палестински извори.
Меѓу шесте заложници кои денеска ќе бидат ослободени се и двајца мажи кои Хамас ги држеше во заробеништво околу 10 години.
Свет
„Њујорк Пост“ до Трамп: Ова е диктатор

На насловната страница на вчерашното издание на „Њујорк пост“ беше објавена фотографија од рускиот претседател Владимир Путин со натпис: „ОВА Е ДИКТАТОР и 10 други вистини за украинската војна кои ги игнорираме на сопствена опасност“.
Ова се 10-те вистини на кои се мисли:
Путин ја започна војната.
Русија се бори за освојување.
Украина се бори за своја независност.
Украинците не се Руси.
Путин е диктатор.
Зеленски не е диктатор.
Русија не е пријател на САД.
Украина е пријател на САД.
На Путин не може да му се верува.
Американската помош за Украина не е залудно потрошена.
Насловот беше објавен откако американскиот претседател Доналд Трамп го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „диктатор“ претходно оваа недела. Во исто време, Трамп никогаш не го нарече Путин „диктатор“.
Интересно е што „Њујорк пост“ е конзервативен дневен таблоид кој најмногу пишува афирмативно за Трамп. За време на подемот и владеењето на Трамп, таблоидот често ја промовираше неговата политика, а истовремено ги напаѓаше демократите и либералните медиуми.
Иако во одредени случаи има критички коментари за конкретни одлуки или контроверзни настани, уредничкиот тон најмногу ги поддржува ставовите на Трамп.