Свет
Џонсон ќе ја посети Источна Европа – планиран е и телефонски разговор со Путин

Британскиот премиер Борис Џонсон во наредните денови ќе оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин и ќе ја посети Источна Европа, соопшти Владата на Велика Британија.
Владата изјави дека премиерот ќе ја повтори потребата Русија да се „дипломатски ангажира“ кога ќе разговара со Путин оваа недела. Тој ќе ја повтори потребата Русија да се повлече, се вели во соопштението.
Џонсон рече дека Британија би можела да распореди трупи за заштита на сојузниците на НАТО доколку Русија ја нападне Украина.
Сепак, Украина не е дел од НАТО и Русија сака Западот да вети дека никогаш нема да се приклучи на воената алијанса, гледајќи го како директна закана за нејзината безбедност.
Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ќе ја посети Москва во следните две недели, соопшти руската амбасада во Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Индискиот премиер и ЕУ се согласија да се заложат за договор за слободна трговија

Индискиот премиер Нарендра Моди и Европската унија се согласија да се заложат за договор за слободна трговија оваа година, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Во време на зголемени геополитички тензии, Брисел и Њу Делхи планираат да ги одредат клучните области за поблиска соработка како дел од стратешкото партнерство.
„И двете страни сакаме да диверзифицираме некои од нашите најважни синџири на вредности“, рече фон дер Лајен, кој во четвртокот ја започна дводневната посета на Индија.
ЕУ е најголемиот трговски партнер на Индија, со двонасочна трговија која порасна за околу 90 отсто во текот на деценијата до 137,5 милијарди американски долари во фискалната 2023/24 година.
„И двете страни ќе изгубиме од светот на сфери на влијание и изолационизам, и двете ќе добиеме од светот на соработка и заедничка работа“, рече таа пред разговорите со Моди.
ЕУ сака Индија да ги намали тарифите за увезени автомобили, виски и вино, додека Индија бара поголем пристап до своите поевтини лекови и хемикалии на пазарот на ЕУ.
Индија, исто така, сака пониски царини за извозот на текстил, облека и кожа. Исто така, се спротивставува на предлогот на ЕУ за воведување тарифи од 20 до 35 отсто за стоки со висока содржина на јаглерод, вклучувајќи челик, алуминиум и цемент, од јануари 2026 година.
„Нема да биде лесно да се завршат разговорите за слободна трговија, освен ако Индија не се согласи драстично да ги намали тарифите за автомобили и други производи што би можеле да ја погодат домашната индустрија“, рече Ајај Шривастава во Делхи.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја нарече Индија една од земјите што воведуваат највисоки царини, се закани со реципрочни царини до април, иако Индија се надева дека ќе постигне договор со Вашингтон.
Европа
Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Украинската војска објави дека соборила 107 од 208 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта во нов масивен напад. Според војската, уште 97 беспилотни летала биле „изгубени“ поради електронско заглавување, што значи дека украинските сили можеле да ги пренасочат или оневозможат преку други методи.
Деновиве Русија значително го зголеми бројот на беспилотни летала што ги користи против Украина – Володимир Зеленски изјави дека непосредно пред третата годишнина од војната биле лансирани 267 дронови, додека во последните три дена Москва ја нападна Украина со вкупно 551 беспилотно летало.
Во меѓувреме, во рускиот напад со употреба на клизни бомби врз градот Костијантинивка загинаа најмалку пет лица, рече регионалниот гувернер.
Свет
Орбан: Незамисливо е Украина да влезе во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е незамисливо Украина да стане членка на Европската унија.
Говорејќи пред следниот самит на ЕУ во Брисел, Орбан за државното радио изјави дека не може да изнесе ниту еден аргумент во корист на приемот на Украина во ЕУ, имајќи ги предвид интересите на Унгарија, пренесе МТИ.
Тој додаде дека има многу аргументи против членството на Украина, меѓу другото дека таквиот прием ќе ја уништи земјата во однос на домашното земјоделство и унгарската економија во целина.
Тој, исто така, истакна дека не е јасно како да се запре криминалот кој би стигнал до Унгарија како резултат на влезот на Украина во ЕУ, пренесува Танјуг.