Свет
Џонсон ѝ се извини на израелската министерка, која не можеше да влезе на самитот во инвалидска количка
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ѝ се извини на израелската министерка за енергија, Карин Елхарар.
Извинувањето дојде кога таа се пожали дека не може да присуствува на самитот за климатски промени во Глазгов бидејќи на луѓето што користат инвалидски колички, како неа, не им беше дозволен пристап.
Ерад мораше да се врати во хотелот, на 80-ина километри од местото на самитот, по чекањето надвор два часа, но денеска успеа да дојде на врвот бидејќи ја превезуваше такси специјализирано за луѓе со инвалидски колички.
Џонсон ѝ се извини за забуната што настана кога министерката му се придружи на средбата со израелскиот премиер Нефтали Бенет.
Бенет му се заблагодари на Џонсон за „брзата интервенција во овој немил инцидент“.
Елхарар, која има мускулна дистрофија, изјави за Би-би-си дека денеска многу лесно влезе на самитот и дека тоа е сосема поинакво искуство. Таа рече дека вчерашниот инцидент е многу добро искуство за да им се обезбеди пристап на луѓето со инвалидски колички на следната конференција на ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

