Контакт

Свет

Џон Болтон: Обидите на Трамп за преговaрање се осудени на пропаст

Објавено пред

Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, остро го критикува Трамп поради неговата надворешна политика кон Иран, Северна Кореја и кон Авганистан, пишува „Политико“.

dobivaj vesti na viber

Тој на затворената вечера во институтот „Гејтстон“ оценил дека е ужасно лош сигнал тоа што Трамп ги повикал лидерите на талибанците на преговори во резиденцијата во Кемп Дејвид имајќи предвид дека тоа е показател за крајно непочитување кон жртвите на терористичкиот напад од 11 септември.

Зборувајќи за преговорите со Северна Кореја и Иран, Болтон посочи дека смета оти какви било обиди од тој тип се осудени на пропаст зашто лидерите на тие земји се заинтересирани само за укинување на снкциите против нив и за јакнење на нивната економија.

Освен тоа, одлуката на Трамп да не му возврати на Иран откако иранските сили соборија американски дрон му дава на Техеран зелено светло за нови агресивни чекори.

Еден од присутните на вечерата во институтот, кој сакал да остане анонимен, за „Политико“ изјавил дека Болтон и во други пригоди остро го критикувал Трамп иако во тие тврдења не го користел експлицитно неговото име.

Свет

Германскиот министер контра Фон дер Лајен: Фундаментално е погрешно да се зборува сега за распоредувањето сили во Украина

Објавено пред

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, денес ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради јавно претставените планови за испраќање мултинационални сили во Украина како дел од долгорочни безбедносни гаранции.

dobivaj vesti na viber

Писториус изјави дека е „фундаментално погрешно“ да се разговара за такви опции пред мировните преговори.

„Европската Унија нема никаква одговорност ниту надлежност кога станува збор за распоредување на сили. Би се воздржал од потврдување или коментирање на такви размислувања на било кој начин“, рече министерот пред новинарите во објект на одбранбената индустрија во западногерманскиот град Тројсдорф.

Тој потврди дека владите размислуваат што би било можно „под кои услови и ограничувања“.

„Но мислам дека е целосно погрешно јавно да се дискутира за тоа во овој момент“, додаде Писториус.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, фон дер Лајен изјави дека Европа прави „доволно прецизни планови“ за распоредување на мултинационални сили во Украина.

Претседателката на Комисијата рече дека плановите би можеле да вклучат десетици илјади војници од европските земји, со поддршка од САД во области како разузнавање и командување.

Фон дер Лајен нагласи дека силните гаранции се „од најголема важност“ за заштита на Украина од идни руски напади и за зачувување на безбедноста на цела Европа.

Таа исто така ја поздрави подготвеноста на американскиот претседател Доналд Трамп да обезбеди она што го опиша како „безбедносна гаранција слична на член 5“ за Киев.

Идејата за стационирање на западни сили во Украина предизвикува длабоки поделби. Франција и Велика Британија разговараат за ова прашање, САД и земјите членки на НАТО, како Полска, ја исклучија можноста за испраќање трупи, додека некои земји се уште не се одлучни.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Индијците сега понудија да ги намалат царините на нула, но доцна е

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Индија понудила да ги намали царините за американската стока на нула. Изјавата на Трамп доаѓа откако индискиот премиер Нарендра Моди јавно покажа солидарност со кинескиот и рускиот лидер, соочен со трговскиот притисок од Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Нарекувајќи ја врската меѓу САД и Индија „едностранa“, Трамп на својата платформа „Тру Соушал“ напиша: „Сега понудија да ги намалат царините на нула, но веќе е доцна. Требаше тоа да го направат пред многу години.“

Индијското амбасадорство во Вашингтон не одговори веднаш на коментарите на Трамп, кои следеа по воведувањето на вкупни царини до 50 проценти на индиска стока, што отвори прашања за иднината на американско-индијските односи.

Трамп го напиша тоа на „Икс“ во моментот кога Моди на самит во Кина се сретна со повеќе од 20 лидери на незападни земји од Шангајската организација за соработка, иницијатива што ја поддржува Кина, а која доби нов замав со глобалната царинска офанзива на Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Германскиот министер за финансии за данок на богатите, канцеларот против

Објавено пред

Ќе воведе ли Германија поголеми даноци за богатите за да се затвори буџетската дупка од над 30 милијарди евра? Тоа е прашањето што го зафаќа политичкиот Берлин и се заканува да предизвика судир меѓу владејачките партии, пишува „Дојче Веле“.

dobivaj vesti na viber

Германскиот буџет за 2027 година се соочува со недостиг од повеќе милијарди евра. Министерот за финансии Ларс Клингбајл затоа не ја исклучува можноста за зголемување на даноците за оние со високи приходи. Демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) се огорчени. Клингбајл, кој е воедно и претседател на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), во емисија на јавниот сервис АРД „Bericht aus Berlin“ го појасни својот став, нагласувајќи дека „сите мора да дадат свој придонес“.

„Никогаш немало влада со ваков предизвик“

Веќе неколку недели во Германија се расправа дали се потребни повисоки даноци за имотните граѓани за да се затвори дупката во државниот буџет. Клингбајл потсети дека тоа го најавил уште средината на август во летното интервју за ЗДФ, што веднаш наиде на жесток отпор од коалициските партнери од редовите на ЦДУ/ЦСУ.

Сега Клингбајл дополнително го брани и конкретизира својот став. „Мислам дека никогаш немало федерална влада која морала да затвори ваква голема буџетска дупка“, рече Клингбајл. „Советувам сите опции да останат отворени додека не можеме да објавиме дека тие 30 милијарди се отплатени и дупката е затворена“, додаде.

Клингбајл објасни дека недостатокот во буџетот за 2027 дополнително се зголемил поради проекти како „пензија за мајки“ и компензации за општините во рамки на иницијативата за „поттикнување економски раст“.

„Не смее да се кратат социјалните трошоци“

„Ме интересира кои идеи ќе ги предложат канцеларот и другите за да се затвори недостатокот од 30 милијарди“, порача Клингбајл, осврнувајќи се на одбивањето на демохристијаните да разговараат за зголемување на даноците.

Тој предупреди и на опасноста од преголеми кратења во социјалата. „Има некои, тоа го забележувам понекогаш во политичката дебата, кои изгледа мислат дека сите пари можат да се заштедат на пензии, здравство, нега и други работи“, рече шефот на СПД.

Нагласи дека сега мора да се донесе цел пакет мерки кој ќе биде праведен и балансиран.

„Ќе мора да побараме нешто од граѓаните, така е. Но многу е важно да постои чувство дека тоа се однесува на сите и дека сите треба да дадат свој придонес“, рече Клингбајл и додаде дека му е драго што дебатата за ова сега започнува. „Важно ми е да не почнеме дури кога ќе се приближи буџетот за 2027, туку тоа да го направиме во наредните недели.“

Сојузниот канцелар Фридрих Мерц во меѓувреме јасно ги отфрли идеите за зголемување на даноците. „Договорениот коалициски договор важи“, рече Мерц во летното интервју за јавниот сервис ЗДФ и нагласи дека ЦДУ/ЦСУ и СПД во коалицискиот договор се согласиле дека даноците нема да растат.

Потсети дека за оваа тема долго се расправало на преговорите. „СПД тоа добро го знае“, рече Мерц. „Тоа што СПД има поинакви ставови по ова прашање е исто толку во ред како и тоа што ние во други прашања имаме свои ставови. Ние не го бараме што нè дели. Ние го бараме она што ни овозможува заедно и одговорно да владееме“, додаде.

Шефот на ЦСУ, Маркус Зедер, исто така ги критикуваше предлозите на Клингбајл. „Не, сега не ги зголемуваме даноците. Мораме да ги намалуваме“, рече Зедер за весникот Handelsblatt.

„Кој потпишува коалициски договор треба и да го спроведе, а не да доведува сè во прашање по неколку месеци“, порача Зедер.

Тој ги отфрли и предлозите на поединечни пратеници од ЦДУ да ѝ понудат на СПД повисок данок за богатите во замена за реформи на социјалниот систем. „Тоа за мене е исклучено“, рече шефот на ЦСУ.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

(Видео) Родителите од Демир Хисар на протест побараа бесплатен превоз за учениците: „Нема да престанеме да се бориме“

На првиот училиштен ден,  на патниот правец Демир Хисар – Битола, кај местото Мраморица, се одржа мирен протест со блокада...

Македонија2 часа

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија5 часа

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...

Македонија5 часа

Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германци годинава ја посетија Македонија

Во рамките на Museumuferfest во Франкфурт, настан што секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот...

Македонија6 часа

Македонија 51. на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025

На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година Македонија е на 51. место со резултат од 1,799. Ова, според...

Македонија7 часа

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес, по 15 години, зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија8 часа

Македонија доби 2,3 милиона евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ8 часа

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Свет9 часа

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, повеќе од 1.500...

Европа10 часа

(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање...

Македонија10 часа

Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои...

Македонија10 часа

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до...

Свет11 часа

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги...

Свет12 часа

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според...

Свет12 часа

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски...

Македонија12 часа

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија23 часа

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...

Македонија23 часа

Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни,...

Македонија1 ден

Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште

Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат...