Свет
Џо Бајден планира да ја посети границата со Мексико
Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека планира да ја посети границата со Мексико „во одреден момент“ и дека неговата администрација работи на тоа потенцијалните мигранти да побараат азил во нивните матични земји, пренесуваат американските медиуми.
Бајден претходно се соочи со критики од републиканците за смена на некои тврди политики на неговиот претходник Доналд Трамп, за кои тврдат дека довеле до зголемен број мигранти на границата.
Неговата администрација се справува со растечката хуманитарна криза на границата, каде што мигрантите кои бегаат од насилство, природни катастрофи и економски тешкотии во Централна Америка, ја тестираат посветеноста на демократскиот претседател за похумана и миграциска политика.
Бајден рече дека некогаш ќе ја посети пограничната област, без да каже кога тоа може да биде.
На прашањето што може да се стори за да се убедат мигрантски семејства да престанат да доаѓаат преку границата, Бајден рече дека треба да се направи уште многу.
„Сега го правиме тоа, вклучително и проверка на повторно воспоставување на она што постоеше порано, а тоа е дека тие можат да бидат таму каде што се и да даваат аргументи од нивните матични земји. Владата засили со испраќање пораки на англиски и шпански јазик за да ги убеди мигрантите да не доаѓаат во САД“, рече Бајден.
Тој планира да смести некои семејства на мигранти во хотели, според новата програма спроведена од непрофитни организации, објави „Ројтерс“ со цел да не ги сместува во притворските центри критикувани од демократите и здравствените експерти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

