Свет
Џо Бајден „редовно се информира“ за нападот на Иран

Џо Бајден „редовно се информира“ за нападот со беспилотни летала што го започна Иран, соопшти Белата куќа.
Американскиот претседател го скрати своето викенд патување во Делавер за да се врати во Вашингтон оваа вечер.
Откако ќе слета, тој ќе се сретне со претставници на националната безбедност и членови на неговиот кабинет во Белата куќа.
Вчера, Бајден го предупреди Иран да не се одмаздува, иако предвидуваше дека нападот може да биде неизбежен.
„Ние сме посветени на одбраната на Израел. Ќе го поддржиме Израел. Ќе помогнеме во одбраната на Израел и Иран нема да успее“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украински политичар тврди: Америка ја прекина испораката на оружје за Украина

Според претседателот на комисијата за одбрана на украинскиот парламент, Роман Костенко, САД престанале да испорачуваат оружје на украинската армија.
Причините за прекинот на испораката на американско оружје се непознати, а освен Роман Костенко, ниту еден друг украински функционер не се огласил по ова прашање.
„Според моите информации, оружјето што требаше да се продаде веќе не се доставува. Тие компании што требаше да го пренесат тоа оружје сега чекаат, бидејќи нема одлука“, рече Костенко.
„И сите чекаат да видат дали ќе се донесе одлука, барем да се набави оружје за пари“, додаде Костенко.
Американско-украинските односи беа значително нарушени во изминатиот период поради мировните преговори меѓу САД и Русија.
Свет
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина.
„Треба да продолжиме да ја зајакнуваме Украина за да дојде на преговарачка маса“, рече Руте на заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини во Братислава.
Тој рече дека Украина ќе бара „цврсти безбедносни гаранции“ за да се постигне траен мир, додавајќи дека земјите од НАТО веќе разговараат „што би можело да значи тоа“.
Свет
Маск: Украинците го презираат Володимир Зеленски

„Украинците го презираат Володимир Зеленски кој профитира од загинатите украински војници“, напиша Илон Маск на X.
Маск ги повтори тврдењата на Трамп и го повика Зеленски „да ги одржи изборите и да престане со она што го прави сега“.
„Ако украинскиот народ навистина го сака Зеленски, тогаш тој би одржал избори. Тој знае дека ќе загуби со голема разлика, и покрај тоа што ќе ја преземе контролата врз сите украински медиуми, па затоа ги откажа изборите“, пишува Маск.
„Во реалноста, украинскиот народ го презира, поради што одбива да одржи избори. Го предизвикувам Зеленски да одржи избори и да престане да го прави тоа што го прави. Претседателот Трамп е во право што го игнорира и го решава мирот независно од одвратната, огромна корупциска машина која се храни со мртвите тела на украинските војници“, напиша Маск.