Свет
Северна Кореја се закани со нуклеарен напад

Северна Кореја се закани со „силен“ напад доколку САД и Јужна Кореја одржат заедничка воена вежба идниот месец, јавија светските медиуми.
Северна Кореја се закани со „силен“ напад доколку САД и Јужна Кореја одржат заедничка воена вежба идниот месец, јавија светските медиуми.
Заканата во која се наведува дека Северна Кореја би можела да употреби и нуклеарни средства во нападот е објавена само неколку часа по пристигнувањето на специјалниот пратеник на американскиот претседател Барак Обама во Сеул.
Северна Кореја упатува закани при секоја заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја, а минатата година ги напушти преговорите за нуклеарно разоружување.
Постојат сомнежи дека оваа комунистичка азиска држава поседува доволно обработен плутониум производство на најмалку шест атомски бомби./крај/хи/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ги удвојувам царините за Канада, еден ден ќе биде дел од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ги удвои планираните царини за канадскиот челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, што ја ескалира трговската војна со северниот сосед на САД.
Трамп вели дека зголемувањето на тарифите што ќе стапи на сила во среда е одговор на зголемувањето на тарифите наметнато од провинциската влада на Онтарио за електричната енергија продадена на Соединетите држави.
„Му наложив на мојот секретар за трговија да додаде дополнителни царини од 25 на 50 отсто, за целиот челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада, една од нациите со највисоки тарифи во светот“, објави Трамп на својата мрежа Truth Social.
„Единственото нешто што би имало смисла е Канада да стане нашата сакана 51-та држава. Тоа целосно ќе ги елиминира сите царини и сè друго. На Канаѓаните би им бидат значително намалени даноците, би биле побезбедни од кога било досега, нема да има повеќе проблеми на северната граница, а најголемата и најмоќната нација во светот би била поголема, подобра и посилна од кога било“, напиша Трамп.
„Вештачката линија на поделба нацртана пред толку многу години конечно ќе исчезне, а ние ќе ја имаме најбезбедната и најубавата нација насекаде во светот – и вашата брилијантна химна, „О Канада“, ќе продолжи да свири, но ќе претставува голеема и моќна федерална држава во најдобрата нација што светот некогаш ја видел!“ напиша Трамп.
Премиерот на Онтарио, Даг Форд рече дека покраината нема да отстапи откако американскиот претседател Доналд Трамп најави удвојување на тарифите како одговор на извозниот данок на електрична енергија од Онтарио од 25 отсто.
Тој потврди дека може целосно да ја прекине струјата што доаѓа од таа канадска провинција во САД.
Свет
Русиja: Бројот на загинати во украинскиот напад се искачи на пет лица

Бројот на загинати во украинскиот напад во руската област Курск се искачи на пет, изјави денеска локалниот гувернер.
Александар Хинштајн претходно објави дека три лица се убиени, а девет се ранети по удар во трговски центар во селото Белаја.
Претходно, руското Министерство за одбрана објави дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 337 украински беспилотни летала, што се смета за најголем напад со украински беспилотни летала врз Русија во последните три години.
Најмногу беспилотни летала, 126, биле соборени над областа Курск, додека 91 биле соборени во регионот на Москва.
Свет
Украински функционер: Можеме да ја погодиме Москва во секое време, ова беше порака до Путин

Синоќешниот напад со беспилотни летала врз Москва, најголем во последните три години војна, беше обид да се охрабри Владимир Путин да се согласи на прекин на огнот, изјави украински официјален претставник.
Според Андриј Коваленко, шеф на украинскиот владин Центар за борба против дезинформации, нападот бил дизајниран како „уште една порака до Путин дека треба да биде заинтересиран за прекин на огнот во воздухот“.
„Не се работи само за рафинериите за нафта, беспилотните летала можат да ја погодат Москва во секој момент“, рече Коваленко.
Во пресрет на разговорите во Џеда, украинските власти предложија прекин на огнот во воздух и море, но не и на копно.