Свет
Татко и ќерка преживеале пад од 13 кат
Чилеанецот Алберто Росас и неговата седумгодишна ќерка Фернанда преживеале пад од 13ти кат од зграда во Консепсион, при рушење на зградата предизвикано од земјотресот кој го погоди Чиле.
Чилеанецот Алберто Росас и неговата седумгодишна ќерка Фернанда преживеале пад од 13ти кат од зграда во Консепсион, при рушење на зградата предизвикано од земјотресот кој го погоди Чиле.
По пропаѓањето на зградата, тие успеале сами да се извлечат од под рушевините.
Росас и неговата ќерка спиеле во својот стан и наеднаш се почнало да се тресе.
Кога зградата почнала да се руши, таткото и ќерката почнале да пропаѓаат заедно со зградата.
Тие останале во рушевините, но ја здогледале светлината од месечината во далечината и го пронашле патот до излезот.
Успеале да излезат надвор и поминале без тешки повреди.
Росас по излегувањето од рушевините ја одвел својата ќерка кај мајка и се вратил да им помогне на службите за спасување.
Во Консепсион по земјотресот со јачина 8,8 степени според Рихтеровата скала завладеал хаос, па полицијата вчера
употребила солзавец и водени топови да ги растера крадците кои краделе храна од супермаркетите.
Безбедносните сили на Чиле уапсиле 55 лица кои не го почитувале полицискиот час и краделе по супермаркетите.
Центарот на Чиле вчера го погоди нов земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Потрагата по живи лица под рушевините во Чиле продолжува, пренесуваат светските медиуми./крај/бл/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

