Свет
Се урнаа два јужнокорејски воени авиони
Два воени авиони на јужнокорејското воздухопловство утринава се урнаа во планинската област на 180 километри од главниот град Сеул, јавија јужно корејските медиуми.
Два воени авиони на јужнокорејското воздухопловство утринава се урнаа во планинската област на 180 километри од главниот град Сеул, јавија јужно корејските медиуми.
Судбината на тројцата пилотите сеуште останува неутврдена, а според министерството за одбрана станува збор за ловци од типот Ф-5 кои се срушиле кусо по полетувањето.
Причините за падот на авионите остануваат непознати, а два воени хеликоптери го надлетуваат подрачјето каде што се случил инцидентот.
Новинската јужнокорејска агенција Јонхап јави дека во моментот кога се случил инцидентот во планините имало силно снежно невреме./крај/фо/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Светски медиуми: Израелски проектил го погоди Иран
Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми.
Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни медиуми објавија рано денеска дека нивните сили ги уништиле беспилотните летала.
Ова се случува неколку дена откако Иран изврши одмазднички напад со дрон врз Израел. Извор изјави за Ројтерс дека САД не биле вклучени, но дека Израел ги информирал пред нападот.
Иранската новинска агенција „Фарс“ објави дека три експлозии се слушнале во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Ирански функционер изјави за Ројтерс дека немало ракетен напад и дека експлозиите се резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.
Иранската државна телевизија објави дека нешто по полноќ „на небото над Исфахан биле забележани три дронови“.
„Системот за противвоздушна одбрана беше активиран и ги уништи овие дронови на небото“, пренесе медиумот.
Телевизијата подоцна соопшти дека ситуацијата во Исфахан е нормална и дека немало копнени експлозии.
Израелската армија не ги коментираше извештаите.
Си-Ен-Ен пишува дека Израел го извршил нападот внатре во Иран, а тоа го изјавил американски претставник за оваа мрежа.
Си-Ен-Ен тврди дека станува збор за потег кој се заканува со дополнително ескалирање на регионалниот конфликт.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.