Свет
Бројот на мртви во Чиле се искачи на 795, власта се обидува да воведе ред
Властите на Чиле соопштија дека бројката на загинатите во катастрофалниот земјотрес, кој во саботата ја погоди ова јужноамериканска држава, достигнал до 795 жртви.
Властите на Чиле соопштија дека бројката на загинатите во катастрофалниот земјотрес, кој во саботата ја погоди ова јужноамериканска држава, достигнал до 795 жртви.
Властите стравуваат дека оваа бројка не е конечна бидејки во наредните денови спасителите ќе ги ископуваат урнатините на објектите под кои сигурно ќе најдат уште настрадани.
Паралелно со потрагата по исчезнатите и загинатите , властите се соочуваат и со нереди и беззаконие во градот Консепсион и во другите делови на централното и јужно подрачје на Чиле поради кое е воведен полициски час.
Претседателот на Чиле Мишел Башел на вчерашната прес конференција изјавила дека беззаконието нема да се толерира
„Ги видовме случувањата кои неможат да се толерираат“, рекла Башел.
Во разрушените делови на државата се повеќе можеле да се видат крадци кои влегуваат во трговските центри и крадат.
Поради тие случувања на теренот биле распоредени 13 илјади војници.
Очајните граѓани после потресот останале без храна, вода, струја, плин и останатите неопходни животни потреби./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

