Свет
Силен земјотрес на Тајван, има повредени

Силен земјотрес со јачина 6,4 степени според Рихтер го погоди ноќеска еден час по полноќ Тајван, при што нема информации за загинати, но пријавени се повредени лица.
Силен земјотрес со јачина 6,4 степени според Рихтер го погоди ноќеска еден час по полноќ Тајван, при што нема информации за загинати, но пријавени се повредени лица. Епицентарот на земјотресот бил на околу 70 километри од градот Каосиунга, во јужниот дел на островот. Главниот град Тајпеј останал без струја, а некои делови на Тајван се без телефонски врски. Има и урнати куќи, а на некои им испукале ѕидовите. Последниот силен земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер го погоди Тајван во 1999. година, при што загинаа 2.300 луѓе. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Брисел: Почестени сме од желбата на Канаѓаните да влезат во ЕУ, но тоа не е остварливо

Брисел е почестен од резултатите од истражувањето кое покажа интерес на Канаѓаните за влез во Европската унија, изјави денеска Пола Пињо, портпарол на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но нагласи дека идејата не е остварлива.
Истражувањето, спроведено на крајот на февруари од истражувачката компанија „Абакус Дата“, покажа дека 44 отсто од канадските испитаници веруваат дека нивната земја треба да се приклучи на ЕУ, додека само 34 отсто се против идејата, објави Политико.
Прашањето за општа поддршка за пристапување во европскиот блок наиде на одобрување од 46 отсто од испитаниците.
Свет
Поранешен советник на Путин: Русија стравува од едно сценарио во прекинот на огнот

Владимир Путин најверојатно планира да одговори на предлогот за прекин на огнот со свое барање, изјави неговиот поранешен советник Сергеј Марков.
Зборувајќи за SkyNews, Марков рече: „Русија стравува дека периодот на прекин на огнот ќе се искористи за целосна милитаризација на украинското општество од страна на НАТО“.
Поради ова, тврди тој, Путин најверојатно ќе бара ембарго за испорака на оружје на украинската армија од други земји.
Но, кога еден новинар го прашал за можноста за испраќање мировници од европските земји, Марков се насмеал.
„Британските и француските трупи се дел од војната“, рече тој, додавајќи дека мировниците обично се од неутрални земји.
„Сите војници од европските земји би се сметале за окупатори, а руските војници би ги убиле сите бидејќи дошле да ја ослободат Украина.
Тензиите се зголемија кога беше прашан дали Русија ќе ги смета британските мировници за непријатели и учесници во војната.
„Да, затоа што Британија е учесник во војната“, одговори Марков, мислејќи на воената помош што Обединетото Кралство и ја дава на Украина.
Свет
Трамп: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту еден Палестинец нема да биде протеран од опколениот Појас Газа, иако тој продолжува со својот план за преземање и обнова на палестинската енклава.
„Никој не ги протерува Палестинците“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање додека беше домаќин на ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалната соба.
Коментарите на американскиот претседател доаѓаат откако израелскиот екстремно десничарски министер за финансии Безалел Смотрич во неделата изјави дека Тел Авив ќе отвори нова канцеларија за „администрација за емиграција“ во Министерството за одбрана за да управува со принудното раселување на Палестинците од Газа, според повеќе медиумски извештаи.