Свет
Вирусот на новиот грип мутираше во Мексико
Кај девојче во Мексико потврдена е првата мутација на новиот грип.
Кај девојче во Мексико потврдена е првата мутација на новиот грип.
Според медиумите, девојчето пред два месеци било лекувано од вирусната зараза, по што добило компликации на дишните патишта, но сега состојбата и е стабилна и таа заздравува.
Според мексиканскиот министер за здравство, Хозе Анхел Кордоба, кај овој случај е потврдена мутација на вирусот (А) Х1Н1, но постои сомневање дека вирусот постои кај најмалку уште 423 случаи.
Вирусот, според неговата изјава вирусот многу лесно мутира, а новата зараза може да има сериозни последици.
Новиот грип почна да се шири пред една година во Мексико, каде од заразата починаа 1.088 луѓе, а според податоците на Светската здравствена организација во светот починаа 16 илјади луѓе.
Иако се смета дека пандемијата помина, во некои африкaнски држави расте бројот на заразени./крај/индекс/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

