Свет
Летерм- Да се создаде Европска агенција за долгови
Белгискиот премиер Ив Лутерм, предложи создавање на европско министерство за финансии кое би управувало со еврозоната што ја сочинуваат 16 држави.
Белгискиот премиер Ив Лутерм, предложи создавање на европско министерство за финансии кое би управувало со еврозоната што ја сочинуваат 16 држави.
“Предлагам да го направиме следниот чекор и да создадеме министерство и агенција која ќе се занимава со долговите во еврозоната“-пишува Лутерм во статија објавена во денешното издание на Фанејншл тајмс.
Во меѓувреме премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер , кои во моментов е претседавач со министрите за финансии во еврозоната истотака изрази подршка за создавањето на европска рејтинг агенција која ќе дава податоци за државните долгови и која била дел од Европската централна банка.
Белгискиот премиер предложил агенцијата да се вика Европска агенција за долгови која би се занимавала со управување на државниот долг во државите од еврозоната.
“Агенцијата ќе понесува одговорност за постојните кредити и ќе издава нови со одобрение на Советот на финансиските и економски министри на ЕУ и на еврогрупата“-пишува Лутерм во неговиот напис во реномираниот британски весник. /крај/фо/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

