Свет
Идентификувани 279 жртви во Чиле, прогласена тридневна жалост
Владата на Чиле прогласи тридневна жалост и објави дека се идентификувани 279 жртви од катастрофалниот земјотрес.
Владата на Чиле прогласи тридневна жалост и објави дека се идентификувани 279 жртви од катастрофалниот земјотрес.Информацијата дека вкупниот број на жртви изнесува 802, чилеанската влада вели дека е неточна и бројот е значително помал односно 279 лица, пренесува Ројтерс.
„Претседателката на Републиката прогласува национална тридневна жалост од недела 7 март на полноќ, во спомен на загинатите граѓани на Чиле“, соопшти претставникот на Министерството за внатрешни работи, Патрисио Росенде кој го објави и пописот на 279те жртви кои се идентификувани, а до тој документ може да стигне секој граѓанин бидејќи е објавен на официјалната веб-страница на Министерството за внатрешни работи во Чиле.
Според француска новинска агенција, Росенде ниту во еден наврат не споменал дека владата службено ја негира бројката од 802 загинати, таа ќе се зголеми бидејќи на крајбрежјето кое беше погодено од цунами има нови жртви.
Во градот Конститусион кој има 60 илјади жители, регистрирани се 86 жртви, а поради земјотресот кој почна да го руши и затворот во истиот град властите беа принудени да ослободат 103 затвореници бидејќи им се закануваше смрт.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун денеска ќе пристигне во Чиле на дводневна посета, вклучувајќи ги градот Концепцион и пристаништето Талкахуано кое беше уништено од цунами предизвикано од земјотресот./крај/хи/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

