Контакт

Свет

Граѓаните на Исланд денеска на референдум

Објавено пред

Граѓаните на Исланд денеска ќе излезат на референдумско гласање во врска со планот на Владата да им исплати 5 милијарди долари на Велика Британија и Холандија, сума која граѓаните на овие земји ги изгубија со пропаѓањето на исландската он-лајн банка IceSave

Граѓаните на Исланд денеска ќе излезат на референдумско гласање во врска со планот на Владата да им исплати 5 милијарди долари на Велика Британија и Холандија, сума која граѓаните на овие земји ги изгубија со пропаѓањето на исландската он-лајн банка IceSave.

Според последното истражување на јавното мислење, 74 отсто од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат против ваквата владина одлука.

Референдумското прашање за кое исланѓанците ќе треба да се изјаснат ќе гласи дали ја поддржуваат мерката Рејкавик да ги обештети Лондон и Ден Хааг поради пропаѓањето на банката  IceSave која пропадна за време на економската криза./крај/хн/вм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Објавено пред

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување на повеќе медиуми, со што треба да се прикријат постапките на политичарите, вели за „Фајненшл тајмс“ Симеон Ѓанков, министер за финансии во првата влада на Бојко Борисов (2009-2013), веднаш откако Бугарија стана членка на ЕУ.

Весникот во текстот „Бугарија се приклучува на групата проблематични регрути“, пишува дека во Брисел постои зголемена загриженост за толерирањето на корупцијата и за вработувањето на лојални, но неспособни луѓе во администрацијата. Политичките потешкотии на Борисов, исто така, отвораат тешки прашања за Брисел и другите земји на ЕУ. Критичарите велат дека не успеале да извршат притисок врз Софија за подобрување на управувањето со државата. Тензиите се зголемија во последните неколку недели и затоа што Бугарија ги блокира разговорите за пристап на Северна Македонија до ЕУ. Ова ги зголеми стравувањата дека Бугарија може да им се придружи на Унгарија и Полска во нивните чести битки со Брисел и земјите на ЕУ.

Во написот се изнесуваат делови од првиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото во Бугарија оваа есен, вклучувајќи ги и нетранспарентната сопственост на медиумите, притисокот врз новинарите и обидите за промена на законот за невладини организации на начин што беше одбиен во текот на летото. Во извештајот се нотира дека нема резултати во борбата против корупцијата, а се споменуваат и извештаите од истрагата во Барселона со можни врски на Борисов со овој случај.

Четири петтини од Бугарите веруваат дека корупцијата е широко распространета во нивната земја. Расте и притисокот врз владата поради нејзиното спротивставување на преговорите со Северна Македонија.

Симеон Ѓанков, истражувач на Институтот за меѓународна економија „Петерсон“ во Вашингтон, вели дека Брисел предоцна ја сфатил заканата од корупцијата во Бугарија и дека институциите и лидерите мора да сфатат дека ако ништо не се стори, земјата и Борисов ќе се приклучат на Полска на Качински и Унгарија на Орбан.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Објавено пред

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сеад Ширгиќ, објасни дека за тоа е потребна верификација, што се врши во Фондот со нова лична карта и пин и пун добиени во плик од Министерството за внатрешни работи при преземањето на документот.

Во Фондот е предвидено да се актиира документот, пренесува порталот РТЦГ.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Објавено пред

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат. Евакуирани се околу 2.800 луѓе од најмалку 28 села во близина на вулканот Или Левотолок, изјави Радиа Џати, портпарол на Министерството за вонредни ситуации. Не е пријавен ниту еден случај на настрадан или повреден, објави „Ројтерс“.

Министерството за транспорт издаде соопштение авионите да ја заобиколуваат областа, а локалниот аеродром е затворен бидејќи пепелот паднал врз зградата и пистата.

Ерупциите на вулканот започнаа во октомври 2017 година. Тој е висок 5.423 метри и е еден од 120-те активни вулкани во Индонезија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион25 минути

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион37 минути

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет49 минути

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија1 час

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Македонија13 часа

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на...

Свет15 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија17 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија18 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија21 час

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија21 час

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија22 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет22 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион23 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа24 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа1 ден

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт1 ден

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија1 ден

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет1 ден

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија1 ден

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Досие