Свет
Најмалку 500 загинати во етнички насилства во Нигерија
Петстотини загинати е билансот на жртви во инцидент меѓу две етнички групи во централниот дел на Нигерија.
Петстотини загинати е билансот на жртви во инцидент меѓу две етнички групи во централниот дел на Нигерија.
Во инцидентот уапсени се 95 луѓе, за кои се смета дека се поврзани со насилството.
Полициските сили во провинцијата Плато се во максимална подготвеност, за да не се дозволи проширување на конфликтот.
Во оваа област чести се насилствата на религиозна основа.
Пред два месеци во инцидент меѓу христијани и муслимани беа убиени 300 лица./крај/бгнес/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Индија ја лансираше својата прва вселенска станица во орбитата
Индиската вселенска агенција денеска лансираше ракета со првата индиска вселенска станица, обидувајќи се да стане четвртата земја што постигнала таков напреден технолошки подвиг.
Мисијата, која се смета за клучна за идните вселенски напори, вклучително и сервисирање на сателити и управување со индиската вселенска станица, полета од главниот индиски космодром, пренесува Ројтерс.
По околу 15 минути, кога леталото достигна височина од околу 480 километри, директорот на мисијата го прогласи лансирањето за успешно.
Свет
Пет години по пандемијата, СЗО повторно бара од Кина информации за потеклото на коронавирусот
Пет години од почетокот на пандемијата Ковид-19, Светската здравствена организација (СЗО) денеска повторно побара од Кина да ги сподели своите податоци и информации за да разбере како започна пандемијата.
„Продолжуваме да ја повикуваме Кина да сподели податоци и пристап за да можеме да го разбереме потеклото на коронавирусот. Ова е морален и научен императив. Без транспарентност, споделување и соработка меѓу земјите, светот не може соодветно да се подготви или спречи идни епидемии и пандемии“, се вели во соопштението на СЗО.
Здравствената агенција на ОН потсети дека на 31 декември 2019 година, нејзината канцеларија во Кина добила информации од здравствените власти во Вухан за случаи на „вирусна пневмонија“ во градот.
„Во неделите, месеците и годините што следеа, Ковид-19 ги промени нашите животи и нашиот свет“, додаде СЗО.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус неодамна праша дали светот е подобро подготвен за следната пандемија.
„Одговорот е и да и не. Ако следната пандемија се случи сега, светот сè уште ќе се соочува со истите слабости и ранливости што дозволија Ковид-19 да се шири и да опстојува толку многу години“, рече тој.
Според него, светот научил и многу болни лекции од пандемијата и презел важни чекори за зајакнување на својата одбрана од идни епидемии и пандемии.
Во декември 2021 година започнаа меѓународните преговори за постигнување договор за превенција, подготвеност и одговор во случај на нова пандемија.
194-те земји-членки на СЗО кои преговараат за договорот се согласија за повеќето прашања, но се во ќорсокак за важни практични аспекти. Крајниот рок за завршување на преговорите во моментов е поставен до мај 2025 година.
Регион
Уапсен 19-годишниот напаѓач во хрватското учлилиште, обвинет е за 45 кривични дела
Деветнаесетгодишникот кој е осомничен дека убил седумгодишно момче и тешко ранил уште три момчиња и наставничката во загрепското основно училиште „Пречко“, денеска е уапсен, соопшти загрепската полиција.
Во полициското соопштение се наведува дека младиот човек е приведен откако претходно го завршил лекувањето во болница поради самонанесени повреди и дека е осомничен за сторено тешко убиство и вкупно 45 кривични дела, пренесе „Индекс“.
Осомничениот од Клиничката болница „Свети Дух“ бил префрлен во Психијатриската клиника „Врапче“, а откако психијатрите утврдиле дека е способен за полициски распит, бил пренесен во зградата на криминалистичката полиција за прв пат, се вели во извештајот на „Јутарњи лист“.
Претходно беше соопштено дека 19-годишникот и порано бил лекуван на Клиника за психијатрија, а за да се провери дали има недостатоци во лекувањето, хрватското Министерство за здравство испратило контрола во институцијата, а наодите се очекуваат оваа недела.
На 20 декември околу 9 часот и 50 минути тој убил дете, а повреди наставник и неколку ученици во загрепското основно училиште „Пречко“.